Е сега замисли овие две vs семоќниот Golf 5, која мизерија е голфот.
Абе уште круна му фали и таман ќе биди.
Имав Алфа 147 1.9 JTDM 115Кс која ја возевме околу 100ккм и секогаш редовно ја одржававме кај Жаре со најјдобри делови што беа достапни, и никогаш не беше речено на нешто не прави или остај за следен сервис, кој живее со Жаре може слободно да го праша. Алфата инаку ја купивме зошто имаше во Велес Ок примерк, а Голф 4 неможев да најдам добар примерок тој период. (Една од поголемите грешки во животот)
Во меѓувреме често возев и Голф 5. И од директна споредба на тие две коли, ЛИЧНО можам да кажам дека Голфот е над 100 пати подобар од Алфата во секој аспект. Од рафинираност на работата подвозјето, тежина на команди, тежина на волан, кочење (најголема примедба за ова имам, распоредбата на силата на кочење кај Алфата е крш), пристапност на делови, изолација..... нема работа каде што Алфата е подобра во Голфот.
Дури би рекол дека и Голф 4 е колиште за Алфа 147, Голф 5 веќе е вселенски брод
Samo si mislel deka si zel Ok primerok
Sent from my iPhone using Tapatalk
Па реално и да не земав Ок, се му сменив така да веројатно стана Ок
- Ламела со потисна и се околу тоа
- Црево за интеркулер (Појачано некое, ова и Симо беше кога ми го монтираа)
- Предница комплетно цела (И таа издржа Ок, после само уште 1 сменив некој рамења нез горни или долни)
- 4 Амортизери (Гасни, Монро)
- Хладњак за клима
- Сензор за радилица и уште некој сензор на моторот (не палеше топла)
- 4 нови дискови и плочки (брембо, да се задржи италјанскиот дух)
- Цилиндрите за кумплугот (Мастерот и помошниот)
- Шајбната на алтернаторот (се скина и тоа беше единствен пат кога колата застана, настрана од тоа ниеднаш не не остави на пат)
- Држачи на мотор (а може и менувач, не памтам)
И сигурно уште нешто има ама не ми текнува, продадена е пред 2 години. Да, и менувачот е мн добар и со краток од