Да не едитирам, пошто веќе ја прочита пораката: Реално, нема никаква разлика. Можно е на CF3 да е сменет начинот „една бобина еден цилиндер“, од две причини: Првата е - да уштедат некој цент на HT кабли, а втората е - полесна детекција на лоша бобина. Кај CF2, и откако ќе откаже една бобина, моторот ќе пали на сите четири цилиндри, поради начинот на врзување на бобините. Но, еден цилиндер ќе работи само со главната свеќица, а друг цилиндер, само со помошната.
Како и да е, уживај, не чачкај доколку работи. И гледај свеќиците да ти се ОК и оригинални пропишани NGK. На плин ако возиш, 60-тина илјади им се доволно.