Не морзам Поло, напротив.
Никола Икс, СПОРЕД МЕНЕ во квалитет се исти. Ниту со едното ниту со другото сум немал проблеми подолго време. Ентериерот по квалитет е на страната на 206 бидејќи мене субјективно повеќе ми се допаѓа. Се е многу стегнато, користени се одлични материјали, во разни бои, штоф и многу мека пластика за разлика од полото како твоето каде се е лесна пластика. Понатаму 206 е револуција во екстериерот. Една од најубавите шасии на сите времиња. Возењето е покомотно кај пежото оти е помеко и потивко. Бензинскиот мотор и кај полото и кај 206 се одлични но во 1.1-1.2л рангот 1,1 4 цилиндарскиот мотор на полото е помоќен и потивок.
Јас би ги ставил на исто рамниште со осврт на тоа дека субјективно 206 е подобар особено после фејслифтот од 2006-та година. Ама генрално се на исто рамниште освен во поглед на естетика и дизајн.