Euro NCAP 2011: Citroën DS4 – Пет ѕвездички
Citroen DS4 забележал исклучителни резултати во сите категории. Максимални 5 Euro NCAP ѕвездички за безбедност, освоил Citroen DS4 VTi 1.6, со маса од 1205 килограми и со волан од левата страна. ...
Тестираниот автомобил, имал стандардна безбедноста опрема, како што е ESP системот, лимитатор на брзина и потсетник за безбедносните појаси на предните и задните седишта. За заштита на девата, монтирани се седишта за деца до возраст од 18 месеци, кои се монтираат во насока обрна од насоката на движење (со помош на ISOFIX и Top Tether). Тоа се модели на седишта Fair Bimbofix G 0/1S и Römer Duo плус седиште за деца до возраст од 3 години, ориентирано во насока на возењето.
Заштита на возрасните патници Просторот на патниците, при директен удир, останал стабилен. Податоците од фигурата на возачот и совозачот, покажуваат добра заштита на колената и нозете на возачот и совозачот. Исто така, Euro NCAP истакнал дека Citroen обезбедува исто ниво на заштита на патниците, без разлика од позицијата на седење и подесеност на седиштето и воланот.
Citroen DS4 освоил максимален број бодови и при страничен удар. При страничен удар во столбот, DS4 обезбедува добра заштита на градниот кош и стомакот, а добра била оценката и за заштитата на главата.
Заштита на децата во автомобил Безбедноста на децата до возраст од 3 години, во модлеит DS4 оценета е со максимален број бодови. Воздушното перниче на совозачот, при монтирањето на седиштата за деца, може да се исклучи. Прекинувачот е јасно истакнат, како и информациите за статусот на воздушното перниче кое возачот го добива.
Ознаките јасно предупредуваат и на нужноста за исклучување на воздушното перниче, при монтирањето на седиштата за деца.
Заштита на пешаци Ова е област на безбедност, во која Citroen DS4 има најмногу простор за напредок. Браникот обезбедува на нозете на пешаците добра заштита, но и надворешните линии на поклопецот на моторот овозможуваат мала или средна заштита на пешаците.
Она што утешува, е да повеќето места, каде може да удри главата на детето, обезбедуваат добра заштита. Меѓутоа, степенот на заштита на главата на возрасните пешаци, оценет е како слаб, во тестираните области. Заштитата на карличниот дел на пешаците, оцената е како средна или лоша.
Вкупен резултат – пет ѕвездички Важен детаљ во Euro NCAP тестирањето е и фактот дека DS4 стандардно е опремен со системи како што се ESP, потсетник за безбесносните појаси на предните и задните седишта и лимитарот на брзината. Citroen DS4 постигнал одлични резултати во областа на заштитата на возачите и патниците. Најризична категорија и е заштитата на пешаците.