Автор Тема: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J  (Прочитано 5058 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« на: 06 Април 2013, 18:02:17 pm »
Како што гласи насловот, колата има проблем со тресење при првото палење секое сабајле, всушност секое палење после 5-6 часа од последното возење. Често знае и да изгаси одкога првпат ќе се запали, после тоа на второ палење малце протресува и работи нормално. Исто така при тоа палење, додека да изгаси колку и да даваш гас на колата не го регистрира тоа, односно обртаите ни се зголемуваат ни ништо. Колата има вградено плински уред Landi Renzo и ова почна да се случува 4-5 дена после монтирањето, но незнам дали тоа може да биде причина зошто колата пали на бензин така да можеби таму треба да се бара вината. Бев и во Плимонт, на дијагностиката не кажува ништо, бев и во Кадис на сервис и таму ништо не кажува на дијагностика, односно нема запамтени грешки.Ставивме ново гориво 2000ден, во Кадис не советуваа зошто се вози на плин да не е старо горивото но и тоа не помогна. Се работи за Seat Ibiza 1.4 16V 85кс 2010год со 25.000км.  Јас сумљам дека има проблем со Саухот, но не сум некој голем познавач за коливе па би сакал да слушнам совети од вас пред да ја однесам да одстои во сервис навечер па утрото да ја прикачат на компјутер и пробаат да ја запалат.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #1 на: 06 Април 2013, 18:19:00 pm »
Мора да се види на дијагностика, да не затајува некој сензор за температура па колата мисли дека е топла и не го активира саухот. Ваков проблем сум имал на пежо кај кое имаше посебен сензор за стрелката на табла а посебен за компјутерот

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #2 на: 06 Април 2013, 18:39:24 pm »
Беше на сервис колата, им спомнав за проблемот но ништо немало не покажало на дијагностиката дека има дефектен сензор. Кај ибицава нема стрелка на таблата, така да веројатно еден сензор е. Инаку да додадам дека колата одкога ќе помине првичното тресење си работи супер во лер без никакви вибрации и варијации во обртаите.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #3 на: 06 Април 2013, 19:00:00 pm »
Немора да има грешка запишана треба да се види која вредност ја дава сензорот

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #4 на: 06 Април 2013, 19:38:10 pm »
Dane e otidena bombina mene na cordobata mi napravi taka koa rikna bombina rabotese kako na 3 klipa...pred da rikne nekolku pati zatrese ama se oprai ama koa rikna komplet tresese celo vreme ne primase gusese nese vozese...ako e toa najevtini bombini imas vo zelezara na posledna 16ka levo vo ulickata na 50 metri vo edna kukja ima dukjan 2300 denari

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #5 на: 06 Април 2013, 19:44:34 pm »
Со оглед на тоа дека не реагира на притискање гас во тие моменти, јас би „типувал“ на клапната/лептирот за гас.  Пробај прво со веќе опишаните процедури за чистење на истата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #6 на: 06 Април 2013, 19:49:42 pm »
Да се извади МАФот, што уствари не е маф туку е тротл сензор кој мери и температура и се во едно. Да се исчисти, и да се провери дали филтерот за воздух е ставен како што треба, да не има дупче.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #7 на: 07 Април 2013, 00:38:41 am »
Ќе го проверам МАФ-от утре и ќе го зачистам, ако не помогне тоа у сервис па таму нека видат лептирот и сензорите како функционираат. Јас типував на некој проблеми со сензорите и електриката него ли на механички проблеми, зошто проблемот се јавува едино на добро изладена кола. По 1 мин од запалувањето перфектно си работи во место што мислам ако е нешто механичко(лептирот) пак би се имало некој показатели ??
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #8 на: 07 Април 2013, 01:10:12 am »
stai benzin 100ka na MP i pisi. Jas za ova i na prenokuvanje im ja ostavav vo servis i nishto

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #9 на: 07 Април 2013, 02:16:01 am »
nema vrska benzinot,Sase ovoj problem kaj mene beshe obicno zima,ladno,prvoto palenje ne raboteshe mashinata kako shto treba,koga ke dadesh gas ne prima vednas,nego postepeno postepeno,i da ja nabiesh gasta,taa pak nema da ja primi,ja vozev vo 1 so nervoza pod visoki obratai,i polna gas,i na nekoj si 100metri znaes shto mi praveshe.. ? Naednash ke ja primi gasta,ke zbesne mashinata,i posle toa nema maka se si e vo normala,problemot kaj mene beshe vo svekiciii,si gi smeniv i do sega pomina vekje edna godina jas toj problem go nemam.Nego i drugo shto imav pak takov slichen problem,proveri gi site strafcinja na bombinata ama bash site,da ne slucajno ima nekoe strafce labavo i da pecka struja,pa da nema ubav kontakt od tie zicite,prestegnaj ubavo,oti kaj mene i toa mi se desi,labavo strafce kolata na 3 klipa rabotti ne prima gas,otvoriv hauba gledam zica zalepena na shasija i pecka struja i vekje jasno mi beshe,znaci probaj so ova shto ti go kazav,a ne veruvam vo mikoj slucaj benzonot da e

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #10 на: 07 Април 2013, 02:39:28 am »
Хах :) , Се случи еднаш и тоа со шасијата и жицата, и тоа една дупка погодив на враќање од Скопје и колата почна да трокира и спобудалува :) некако се вративме од Ск, отворивме хаубата кога гледаме жица допира со маса, прелемување и се реши тој проблем. Досега на колата се ставаше исклучиво бензик од Лукоил 95ка, ќе пробам 100ка на МП, но незма кога ќе стаса оди со последниве 2000ден се наполни скоро цел резеровар, а со темпото со кое се троши(плин) веројатно јули некаде ќе биде :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен plimont

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #11 на: 07 Април 2013, 09:36:14 am »
Sase_91,

Пушти ми тел. број на ПП, ќе те контактирам во понеделник, постои веројатност проблемот да го предизвикува неквалитетна калибрација на плинскиот уред. Би сакал и јас да учествувам во дијагностиката. Поздрав
Атанас

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #12 на: 07 Април 2013, 09:39:41 am »
Нека ти кажат во плинмонт дали може директно ладна да запали на плин, (мојот ловато систем дозволува до 5 палења директно на плин во случај на потреба), па запали ја на ладно на плин, Не е толку ладно за да смрзне расплињачата, а ќе видиш дали исто реагира и директно запалена на плин. Ако исто реагира - тогаш не ти е проблем горивото (95-ка, 100-ка, бензин), туку нешто друго.


Едит, ете плимонт ќе помогнат :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #13 на: 07 Април 2013, 13:42:17 pm »
Sase_91,

Пушти ми тел. број на ПП, ќе те контактирам во понеделник, постои веројатност проблемот да го предизвикува неквалитетна калибрација на плинскиот уред. Би сакал и јас да учествувам во дијагностиката. Поздрав
Атанас

Пратено, ќе се договориме кога да ја донесам да се провери убаво.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Тресење при прво палење - Seat Ibiza 1.4 6J
« Одговори #14 на: 07 Април 2013, 13:47:31 pm »
Moze da e i do gorivoto. Smeni druga pumpa !