Како ли се склопува равенкава?
Ти си обична нула и наеднаш си миљарда

Извор:
http://kajgana.com/Во шоу бизнисот постојат голем број на инспиративни приказни на луѓе кои успеале од дното да се искачат кон врвот. Една од највпечатливите приказни е онаа на Силвестер Сталоне, човекот кој благодарение на поминатото може да ве научи многу за мотивацијата и одлучноста да се успее.
Тешко детство
Денес, Сталоне е легенда. Ова е човекот кој го создаде култниот лик на Роки Балбоа и Рамбо и прерасна во една од најголемите акциони ѕвезди на сите времиња. Сталоне е роден во 1946 година и вистинското име му е Мајкл Силвестер Гардензио Сталоне. Поради компликациите при раѓање, лекарите употребиле инструменти за да го извлечат од утробата на мајка му при што му оштетиле нерви и левата страна од лицето му останала парализирана, вклучувајќи делови од јазикот, усната и брадата. Така што сите оние што се шегуваат на неговиот смешен изговор, веројатно никогаш не го зеле предвид овој факт.
До својата петгодишна возраст се селел од еден дом за деца во друг, бидејќи неговите родители имале проблематичен брак и постојано биле во конфликт. На крајот повторно завршил кај нив, но проблематичниот живот и фактот што имал чуден говор поради парализираната страна влијаеле врз него и тој не успеал да се вклопи со останатите. Тоа го направило агресивен, па често пати бил суспендиран од училиште и добивал лоши оценки.
Живот во сиромаштија
За Сталоне, работите не оделе на добро ниту кога бил млад. Го бркале од становите каде живеел, затоа што немал пари да си ја плати киријата, а во еден момент работите стигнале дотаму што три недели бил принуден да живее на автобуска станица во Њу Џерси. Токму поради тоа што не успевал да добие никаква улога, прифатил да учествува во порно филм за кој му платиле 200 долари.
Како што вели Сталоне, тоа бил единствен легален начин за да заработи во тие моменти.
„Работите беа стигнати дотаму, што морав или да го снимам филмот или да ограбам некого, затоа што се најдов на дното, на самиот крај од јажето.“
Кога дошол во Њујорк сакајќи да стане актер, никој не му давал улога, па бидејќи наидувал на постојано одбивање, одлучил да се обиде да пишува сценарија. Но, никако не му одело од рака да добие било каква шанса и иако едно време успеал колку толку да застане на нозе, потрагата по актерска кариера повторно го довела на дното.
Тој самиот вели дека најтешкиот момент бил кога морал да си го продаде кучето за 50 долари, бидејќи бил очаен за пари.
Идејата што му го промени животот
Во 1975 година, Сталоне гледал меч на Мухамед Али и она што го видел го инспирирало за да го напише сценариото за Роки, кое го завршил за три дена. Целта му била да го продаде сценариото и тој да ја игра главната улога во филмот. Од филмските студија му велеле дека тој е сценарист, а не актер и дека за таа улога е потребно некое звучно име, а не непознат лик како него. Дури му нуделе стотина илјади долари само за да му го купат сценариото, без тој да се појави во филмот, но за Сталоне тоа било неприфатливо. Тој бил убеден дека таа улога е наменета за него. На крајот студиото попуштило, но му дало многу мал буџет за реализацијата на проектот.
Реализацијата на проектот му овозможила да си го врати и кучето. Бидејќи човекот кому му го продал сега му барал многу повеќе пари одошто тој самиот платил за кучето, Сталоне се спогодил со него. Му дал мини улога во филмот за Роки наместо пари, и си го добил кучето назад.
Излезе дека Сталоне знаел што прави. Филмот за Роки, стана неверојатно успешен и дури доби и Оскар. Филмовите за Роки севкупно имаат остварено профит поголем од милијарда долари.