^
Види сеа вака.. Не да ме разбереш погрешно, ама.. Стварно не мислам ништо лошо, со надобра намера - понуди нешто подобро од Breaking Bad, во моментов, а Богами и во блиска иднина.
Пратам што пишуваш, посебно во темава. Не си рекол за еден едини филм дека е добар, ОК, а камоли одличен. А реално, има одлични филмови, јес да се 1 во 1.000, ама има.
Breaking Bad е врвот во својата категорија, а и пошироко. Во сите можни сегменти. Јас бар неможам да му најдам никаква маана. Се е на место. А и работа на вкус, на крајот од краиштата.
Во последно време, сум разочаран од филмови, ама нешто кога е добро, и Богу је драго.
Ај вака - баш би те замолил, ако не ти е мака, кажи еден дел од серијата (по твој избор), за кој сметаш дека е предвивлив и дека не е ништо посебно, и смени го со твојата верзија.
Тогаш би креирал за тебе слика дали си онака, влезен во кинематографијата, или само контрираш на мнозинството.