П.П.С. Нема да ти учинам и набројам филмови или серии кои ме интересираат, од едноставна причина што нема да има никакво фајде од тоа, нема да донесиш никаков заклучок, од едноставна причина што ти почна да гледаш серии после горенаведената...
Се разбираме? 
Не.

...типично амерички лигавешки срања.
Непотребни долги дркања, патетики, очекувани сцени, на моменти налекуваат на тие од трета класа (не втора) нискобуџетни филмови.
Во некој моменти има некои пресврти, ама очекувани. Нема некоја напнатост.
Уохааа...
Зошто те прашав за пример, што е за тебе интересно. За да воспоставиме некаков критериум. Што ти е интересно, што не ти е патетично, итн...
Каква напнатост бараш? Дуел во некој вестерн? Моментот кога не знаеме дали Роки ќе стане пред судијата да одброи до 10? На ајрон мен кога му се потрошуваат батериите? Возот Томас, кога неодлучен стои на раскрсница на пругите?

Или моменти како кога во Блејдранер, Харисон Форд се држи со една рака за фасадата а над него стои aндроидот? Нешто како сцените со маринците во Алиен 2, кога остануваат без муниција (и со една граната)?

Или можеби некоја Вон Трировска напнатост, моментите пред апокалипсата во Меланхолија, грдотијата на неизбежноста на скриената вистина во Антихрист?
Напнатоста на атмосферата во филмовите на Дарио Арџенто?
Има во Брејкинг Бед од се помалку, па дури и акција, но во основа се работи за моралните дилеми со кои се среќава чесен човек кој по сила на околностите е приморан почне да се бави со криминал.
Моментите кога треба да се убие некој, па дури и ако е криминалец. Кога треба со лажичка да се собираат недорастворени човечки остатоци, зошто имбецилниот партнер не земал корито од HDPE пластика (која не се раствара во каустична сода)...
Тоа е друг вид на напнатост, која изобилува во оваа серија. Очајот на обичниот човек кога мора да излезе од границите на заштитата и безбедноста која ја пружа обичниот живот.
Дека серијата не е за секој, не е... ЈБГ, на некој и Трансформерс му се супер.
Мене само искрено ме интересираше критериумот врз основа на кој, ова ремек дело е „неинтересно„. Ако ништо друго, да видам што пропуштам.
