@Ipkisija глеј го филмов ако не си го гледал http://www.imdb.com/title/tt0080360/?ref_=nv_sr_1
Заборајв да ти кажам дека го изгледав филмов

Заебан, морам да признаам.
На почеток ме потсете на еден одамна изгледан филм,
Flatliners.
Интересно визуелно и звучно возење. При крајот ме потсете на еден спектакуларен визуален дел од „2001: Одисеја во вселената“ на Кјубрик

Не е филм кој се гледа со пуканки во лајт мод, пошто не е толку забавен

Во меѓувреме изгледан и
Den brysomme mannen. Не се ни посомневав во кинематографијата на Норвешка. Чуден, забеган, реален...
Ја изгледав и првата сезона од
Silicon Valley. Ми се допадна. Добар хумор. Се надевам понатаму нема да стани досадна како The Big Bang Theory, која прекинав да ја гледам после некоја сезона, затоа што не ми се допаѓа методот на претставување на некои стереотипи. Му ја претерваат.
Кога сме кај сериите поврзани со ИТ, би ја препорачал британската
The IT Crowd , ако, ете да речиме, некој ја пропуштил
