Каква двојка, бабков бутур!!! Тоа со двојките сега го измислија!
Usual Suspects да не има двојка? Seven да не има двојка? V фор вендета?
СПОИЛЕР:
Не е работата за двојка, туку работата е дека требаше да постигне нешто човекот на таа мака. Ова е патетика Америчка. Бар да ги дигнеше во воздух и нив и себе, или НЕШТО побогу НЕШТО да се десеше. Вака буквално никому ништо е крајот. Сам себе демек се убил, па што е битно тоа? Ни него не го занима неговиот живот, а камо ли нас. Црнчугата чие цело семејство преживеа, и уште демек го надитри најбољиот тактичар (ти се молам) и испадна фраер. Е затоа е патетичен филмот. Патетично патетичен. Нема логика тоа да се деси. Тоа се гледа дека е наштрафено на крај за да тепа „добриот“ односно „системот“. Циркуз. А сега ќе мора да си ги изгледам оние погореспоменати за да си ја освежам меморијата со „асални крајови“ на филмови кои завршиле онака како што треба.