Изгледани пар ствари у прошлиов период, додека правам пауза од Марвел ствари...
- The Dropout - одлична серија, препорачувам.
- The Patient - солидна, препорачувам.
- Prison Break (1-4 сез. пак, и првпат 5тата сезона) - имаат чат-пат пропусти и исфорсирани моменти, ама сѐ на сѐ, одлична серија. Кој до сега не ја гледал, нека ја гледа.
- Clarkson's Farm S3 - одлична, ја изгледав малтене у еден здив.
- Unbreakable -> Split -> Glass - фантастична трилогија. Џејмс Мекавој е благо кажано брилијантен. Ептен јака препорака.
- Massive Talent - Со Ник Кејџ и Педро Паскал. Одличен за тепање време, со солидни заебанции.
- Dark Crimes - драма со Џим Кери. Доста добра идеја, ама мноооогу слаба реализација. Џим Кери има талент да носи ваква тешка улога во ваков тип на филм, ама за жал, севкупно, филмот е разочарувачки.
- Get Out - ГАД ДЕМ!! Од идеја до реализација и све со ред... Санзабичиз! Препорака!
- The Fighter - така/така... Глумата на Кристијан Бејл е (повторно) восхитувачка, Марк Волберг е Марк Волберг и е боксер. Мех... Океј за тепање време у случај на немање попаметна работа
- Dune Part 1 - не се сеќавам многу многу на оригиналот, ама овој ми се свиѓаше, и како е направен, и амбиентот, и све. Сакам да го гледам вториот дел.
Си реактивирав Нетфликс, па сега ја догледувам конечно 6тата сезона од Better Call Saul.