У задно време ете се потрудив, успеав да изгледам поише работи
- The Night Manager - Интересна, заплеткана серија, една сезона, таман Препорачувам
- For Life - доста добра драма серија. Препорачувам
- Die Therapie - феноменална серија, психолошки трилер. Ептен препорачувам.
- Broadchurch - феноменална серија, драма/трилер, одлична глума, на моменти тежок англиски за разбирање. Ептен препорачувам.
- Death on the Nile - мех... пробале нешто, ама слабо.
- The Consultant - почнав да ја гледам, првенствено поради Кристоф Валц, ама тиња ми беше, не ја догледав серијата.
- Nobody - пробале од Боб Оденкирк (Better Call Saul) да направат Џон Вик, ама слабо. Ептен е лимонада. Боб нема ни фаца, ни држење за да носи таква улога.
- Deep Water - интересно заплеткан филм со Бен Афлек и Ана де Армас. Така-така, океј е.
- Uncharted - интересна авантура, релативно слабо поврзана со настаните во игрите. Ако е човек ептен фан на игрите, тогаш подобро да не го гледа филмот, а ако не, онда е океј за тепање време. Има интересни зезанции.
Анимирани:
- Zootopia & Encanto - одлични се и двата, препорачувам.
Blast from the Past:
- Sister Act I & II - Вупи Голдберг го „спасува светот“. Мераци филмови за тепање време
- Money Train - Весли Снајпс и Вуди Харелсон и тука се феноменален тандем
Marvel:
- Shang Chi and the Legend of the Ten Rings - доста подобар од очекуваното. Навлегуваат во теми што претходно биле само онака нафрлени. Вреди да се изгледа.
- The Falcon & The Winter Soldier - вреди да се изгледа поради продолжувањето на приказната за Captain America. Арно ама, според мене, штета што на овој начин се продолжува приказната за една од најбитните фаци на Марвел. Ентони Меки и Себастијан Стен немаат никаква „хемија“ помеѓу нив, све изгледа некако безвезно и исфорсирано.
- Spider-Man - Far from home - добра идеја, одлична реализација, многу забавен филм. Препорачувам.
- Eternals - тешка глупост. Сакале нешто да кажат, ама ни самите не знаеле што. Тиња ипол.
- Spider-Man - No Way Home - одличен филм, одличен вовед во "Multiverse". Ептен препорачувам.
- Doctor Strange in the Multiverse of Madness - доста битен филм поради темите кои ги обработува. На моменти доста евтино делува, иако верувам дека брдо пари се имаат вложено во продукција. Како и да е, битен е за приказната. Интересни фаци се појавуваат во филмот. Препорачувам.
- Hawkeye - сеуште ја гледам, до пола сум. Што знам, така-така. Се надевам ќе ме изненади позитивно како WandaVision...
Апдејт: ја изгледав Hawkeye и за жал, не ме изненади позитивно како WandaVision. Труба е. Барем во серијава ја начнуваат поинтензивно темата за еден од најголемите негативци во светот на Марвел - The Kingpin of New York, Wilson Fisk. Арно ама, ете сеа актуелно на Дизни, квази спин-оф серија од серијава - Echo. Ако не ме мрзи, ќе ја гледам.
Иначе, во Spider-Man: No way home се појави Matt Murdock, па ми текна на серијата Daredevil и уствари колку беше добра. Беше на Нетфликс, ама претпоставувам дека ги средиле правните работи со Дизни, па сега Daredevil, Jessica Jones, Luke Cage, Iron Fist и Defenders ги има на Дизни.
Не ми се уклапа у тајмлајнот по кој почнав да ги гледам стварите од Марвел, ама почнав пак да ја гледам Daredevil. Ја имав почнато одамна, ама ја немав догледано.
У меѓувреме, чат-пат колку за брзо гледање, си тепам Футурама