
Јас не престанав да му се восхитувам на овај филм. Прв пат го гледав на кино, дете, појма немав што се дешава... најголем впечаток ми остави, а и на останатите ученици во киното (од училиште организирано не бувнаа да го гледаме филмот) цицката во таксито што ја гмечеше Раде Шербеџија

Сум го гледал уште неколку пати од тогаш, се разбира. Многу добро изработен филм. Едино по ќеф не ми е Лабина Митевска, ама сепак Манчевски и ја дотера улогата да ќути, не да шишти цело време, како што шишти во другите филмви во кои игра, кои сум ги гледал по 4 минути.
Сцените со Раде Шербеџија и Мето Јовановски, прајслес!
Приказна во три дела, нелинеарна. Најинтересно, тој период е снимен и Палп Фикшн на Тарантино, нелинеарна приказна која направи револуција во Холивуд, нова мода. Сосема случајно, ист период, две ремек дела.