немам намера некого со сила да го разубедувам во нешто.
јас ви дадов предлог за еден bb код кој недостасува и ред други работи кои се покажале како корисни... вие направивте драма од сето тоа.
дали тоа го гледате со презир и потценување, тоа не знам, но форумот е ваш и никој не е должен со сила да го минува времето на него.
всушност на човек можеш само со сила да му земеш, но никако да му дадеш.
епа ај поздрав... и нема потреба да се „отепувате“ поради мене... јас сум никој и ништо... 
Кога предлозите се корисни, се прифаќаат. Кога не се, не се прифаќаат. Да се малтретирам да инсталирам едно единствено парче ББкод што фали, што реално е непотребно, а истовремено да ризикувам да внесам еден куп багови, не ми се прави.
Ти се појави од нигде-никаде и почна да сугерираш работи со одредена доза на ароганција. За некои работи ти дадов конкретно објаснување, за некои не. На крајот на краиштата, не сум должен да објаснувам ништо. На крајот на денот, не сум должен да објаснувам дека не ми се внесуваат дополнителни функционалности кои освен што (значително) ќе го оптоваруваат серверот, нема да прават ништо друго, а веќе кубуриме со ресурси на VPS-от.
Забелешката околу ограничено време на изменување на пораки е на место. Веќе е ова дискутирано и постепено се намалува времето во кое е дозволено едитирањето на пораките.
Не гледаме ништо со презир и потценување. Ти дадов конкретно решение за броените листи, ти почна да мешаш офис, научни трудови и вработување. Форум е ова, не е IEEE.