Нема што јас да зголемувам скејлинг во Виндоус, се користи native/recommended 100%. 1080p е за нормалните, јас работам дизајн и преферирам 27" @ 1440p па нагоре, 1080p ми е небитна за десктоп.
Како пример ќе го земам ИТ форумот, перфектен ми е. На овој форум му треба малце освеж, дизајнот/темата му е од турско, исто и да се адаптира спрема новите резолуции на поголеми монитори.
Нема респонсив/мобилен дизајн, ако го отворам на мобилен во браузер, пак треба да зумирам.
Најлесно решение е да се смени body font-size на форумов од 12 на 14 пиксела и проблемот со ситните букви е решен, или да се игра font-size во проценти па да си калкулира самиот css колку голем да го сервира обичниот текст на форумов на секој корисник со различна резолуција.