По втор пат.
10 работи кои се случија за време на миграцијата на серверот на форумов:
1.
@Deni направи архива од 16 ворд страни со гугл линкови за поткрепа на стручното мислење во дискусиите што следат на сите теми плус 67 страни со графикони. За жал непознат е бројот на јутјуб линковите. Од синоќешното повторно гасење на форумот од неговата статистика на профилот фалат 147 денови, 23 часа и 45 минути поминато време на форумов, како и 7394 постови.
2.
@Tischläufer имаше рекорден број на постови на ФБ во групата "Ѕидот на сообраќајниот срам".
3. Значително се зголеми посетеноста на форумите на Кајгана, Фемина и Рингераја од страна на еминентни членови на овој форум.
4.
@MAPJAH од Солун замина за Софија и не успеа да сподели со форумашите дека и натака ќе вози со летни гуми. May God be with him.
5.
@achtung не доби шанса да искоментира за доаѓањето на Никос Коѕијас во Скопје. Знам дека и ВМРО би било дел од коментарот само сеуште не можам да си ја разјаснам поврзаноста.
7. Миграцијата на серверот нема ама баш никаква врска со убавината на голфот на
@Dodo. Сеуште е најубав.
8. Во јавноста кружат некои неофицијални информации дека
@vlatko.klp е поврзан со "падот" на серверот по неодамнешните закани од страна на класниот, ама тоа не е моја работа.
9. Струмичани не можеа да се соберат поради паузата на форумот. Жмиј Митро тулумби паѓат.
10. Никој не примети дека фали реден број 6.