Значи ова алфистиве се бетер од бугарите и бетер од батко Ѓорѓија. Се што ќе видат е бугарско, т.е. се што ќе видат сакаат да е нивно.
Мазда 6 нема ама баш ништо ископирано од Алфа, за обратно не знам. Но знам дека други возила користат платформа, мотор и ред други работи дизајнирани од Мазда.
Дизајнот е независен и е еволуција од своите претходници, т.е. Мазда 626 генерација 5. Практично дизајнот на Мазда 6 е практично Мазда 626-5 со доста по-агресивни линии, дизјанирана во 2002 од страна на нејзиниот тим предводен од Јоши Сато. Основниот дизајн е Мазда 626 генерација 4 од 1992 година:
А од ова се гледа и сличноста со прввата генерација на Мазда 6 каква што имам. Очигледно е дека во 1992 дизајнерот неможел да го украде дизајнот на Алфа 156 која е дизајнирана во 1997 како наследник на 155. 155-ката пак со својот коцкаст дизајн нема ама никаква допирна точка со дизајнот на 626-4. Ама затоа не е далеку од дизајнот на Мазда 626 генерација 2 од 1980 година: