Bump бе!?
Како што кажаа и другите, за возило повеќе од 10 години старо, не е само изборот на моторот битен. Многу зависи од фактичката состојба на целото возило за оценка дали го бива или не. Што ако тој „неуништив“ дизел прегреал? Што ако му е турбината на издисај, што ако цилиндрите имаат бразди ко` орана нива.. И се` тоа замаскирано со некои адитивчиња за пред продажба.
А Подвозјето? Во каква состојба е? Муабет од еден продавач: „Да, стварно оргинални делови се скапи, ама братче турски виљушки стаив - ни да мрднат! Три пати поефтини!“. Фала, пријатно и догледање! Таа со турските виљушки за месец дена ќе биде ко`југо у подвозјено.
А внатрешноста? Во каква состјба е, колку е амортизирана, сунгерите на седиштата колку се пропаднати, колку пати се отворени панелите на вратите итн...
А гуми? Какви има? Само за да стојат бандашите од земја, или може да се користат? Па на гуми само 250-300 евра ќе дадеш во најдобар случај (за 15-ки), А амортизери?
На сите овие работи, може да ти отидат повеќе пари да ги направиш саглам, откоклу цел мотор да смениш (во случај да најдеш здрав).
Многу работи се во прашање за ауто постаро од 10 години и со многу километри...