(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Таман се тунелите. Патот е утнат со нивелација.
Мостот (аквадуктот) пред тунелите и ископот на трасата пред тунелите во должина од еден км па и повеќе е утнат за цели 10метри у висина.
Ако бил мостот повисок 10 метри и соодветно ископот адаптиран на тоа, на излезот од тунелите немало да има надолнина. Немало да има и толкав спуст од ридот кон тунелите.
Цреповите што го проектирале патот го утнале проектот или го утнале мерењето. Патот го ископале и трасирале, аквадуктот го поставиле па после ги пробиле тунелите. И се случува тоа што го гледаме.
Ама ако вие викате дека е ок патот, нека биде така.
Тврдокорниот став немам намера да ви го побивам.
Да живее Македонија.
Така ти се гледа, еве ти снимка од дрон од излезот на овие тунели, ке видиш дека од завршетокот на мостовите па натаму према Гевгелија е нагорнина, таков е теренот, према планински дел тера автопатот, отвори и на гугл мапс, ке видиш каде тера делницата, од излезот на овие тунели, па се до после тоа селото Клисура, неколку км се, нагорнина е, така да неможе така да се пробиваат тунелите затоа што ако така се проектирани за да го нема оној наклон од нивниот излез, тогаш угорнината ке била во самите тунели, пошто влезот нивен од страната на Демир Капија е на само едвај 10 метри над нивото на Вардар.
Еве во видеово таму при 1:30 минута ке видиш на која висина ке биде автопатот во однос на Вардар и лево таму двосмерниот пат, поприлично на повисока надморска висина ке биде автопатот, затоа нема никаква утка во нивелацијата.

Еве го влезот на тунелите од страната на Демир Капија, што значи и самите тунели имаат блага нагорнина затоа што од другата страна се на поприлично поголема висина од Вардар и од сегашниот двосмерен пат
