Дечки имам еден предлог до вас:
Кој е заинтересиран (а верувам дека ќе има многу) може да пробаме да играме преку интернет една добра тркачка СИМУЛАЦИЈА (мислам дека е најдобра во свет и единствена толку блиска до реалноста). Погледнете тука:
http://www.lfs.net/Јас ја играв порано. Постои бесплатна верзија кај која може да се бираат само 3 коли и 4-5 патеки. На колата и се подесува и параметрира буквално се (освен мотор). Од пресудно значење е кој колку се разбира во тјунирање на колата и возачките знаења. Додека сте offline можете да тестирате и да ја подесувате колата па после да се тркаме меѓусебно и да се измериме.
Поврзувањето би одело преку VPN. Јас на секого ќе му дадам јузер и пасворд до мојот сервер и IP адреса на која треба да се конектира како и упатство како се прави сето тоа. Мојот Скајп контакт е mile.naskovski . Ќе мора преку Скајп да се договараме на почетокот за да ни бидат успешни и координирани трките. Кој е заинтересиран нека ми пише на скајп.