по не-знам-кој пат: ако инженерите во фабриката одлучиле дека на таа кола со таа коњажа таа тежина наменета за тој маркет сегмент и требаат такви гуми и такви бандажи - тоа е супер-во-ред и ултра-фајн. Немам никакви забелешки.
Имам забелешки на афтермаркет менување на димензиите на гумите.
Значи, не сум против нископрофилни гуми во принцип. Сум против нископрофилни гуми таму кај што не им е местото.
Повторно ќе ја употребам аналогијата со патиките: ако играш фудбал, тогаш треба копачки. Ама ако со истите копачки идеш на работа или у самопослуга тогаш не само што е сељачки, туку и опасно - можеш да се излизгаш на мермерот.
Значи, не секоја кола со нископрофилна гума и спојлер е сељачка, таман работа. Сељачка е само онаа кај што е накнадно ставано, без никаква реална потреба.