Зошто да го смениш? Некој инженер попаметен од мене и од тебе решил дека тој бандаж е најдобар.
Со оглед на тоа дека постојат повеќе дизајни на бандажи кои се подеднаков фактор во равенките за безбедност, изборот кој точно ќе биде тој дизајн не е прашање на безбедност или некој друг вид на „доброст“ различна од личен вкус. Со други зборови, одлуката да стојат баш овие бандажи, а не некои други кои ги имаат истите потребни својства, не е инженерска туку дизајнерско-маркетиншка. За разлика од висината на колата, одот на амортизерот, должината на спиралите итн.
Така да - сори - имплицитната аналогија која сакаше да ја онадиш малце ја утна.... слично на она со политичарите, ограничувањата и гмо (тоа ти беше поблиску, ова беше апла бунар). Better luck next time!
