Генерално гледано 1.9 тди се познати дека трошат масло, не многу ама сепак трошат. Сум слушнал дека и во фабричките толеранции го ставаат трошењето масло на 1.9 дизелите. За овој мотор што е 1.4 немам слушнато нешто такво ниту за 2.0 моторот на VW (што колку што знам беше направен да го замени 1.9 во квалитет и + некои маани мали да ги исчисти) ама може да грешам како и да е до сега немам проблем со трошење уље, ваљда сум под 500ккм 
VW сеуште не направил подобар дизел мотор од 1.9 тди со класична бош пумпа, имај го тоа на ум а тоа дали пишува или не во книгата дали троши масло е друг муабет отвори некое сервисно упатство од друг производител па види што пишува ај да не е дека јас солам памет. Тој 2.0 пд 16в што ти викаш дека не си слушнал дека не троши масло баш тој троши така да гласиниве не ти се точни.
Секој исправен ТДИ мотор во кој има ставено масло према стандардите кои ги налага фабриката и бил одржуван према тие стандарди не троши масло или тоа е во многу мали количини што е кај секој мотор нормално, јас сум видел луѓе ги возат со 20w50 масло тоа е убиство за моторот и после сакаат да не им трошел масло се научиле на старите застави што сакаш туриму железо е исто е.