Премногу општ поим е „турбина од игеј“.
Како да кажеш телефон од игеј. Имаш од Ерискон Т10, преку копија на ајфон до оригинал ајфон.
Исто е и со турбините.
Јас имам нарачувано, но не за мене, кинеска игеј турбина. А мислам дека ЈАН ТУРБО возеше од кинеските, па можеш и него да го прашаш.
Овие јас што ги нарачав (две) мислам дека не издржаа многу, али дали беше до нив или до колата не знам.
Стигнаа за 2-3 недели, ако немаш цариник ќе платиш давачки на нив, ако имаш ќе го почастиш цариникот. Не беа репарирани, али беа кинески. Па квалитетот, варовоите, материјалите се такви какви што се. Во Грција кај Димитри им бараа дупло повеќе мислам.
Јас за моја кола не би ставил, а уште помалце ако мислам да ја чипувам или оптеретувам дополнително.