Интересна тема... Од ова што можам да го констарирам гледам дека МА-ФРА и Сонакс се нешто најчесто на форумов (сигурно има зашто)... Да се вратам на она што сакам да го споделам. Од пред 3 години имам дома една крема која ја добив на поклон од Hemel, работев нешто приватно таму... таа крема се користи за кожени работи, до сега ја користев за кожни чевли, ги премачкував со таа крема пред да одат во кутија до следната зима... Кожата е како нова, мека, со сјај, пријатна миризба и до сега на ниту еден пар чевли не им испукала кожата и имаат константен сјај.... ОД тој факт, денес случајно ми падна на памет да ја премачкам гарнитурата во кола со таа крема (за цела гарнитура потрошив помалце од два прста од кремата, лесно се нанесува и размачкува ) а од резултатот не се изненадив бидејќи 3 години наназад ја користам за чевли и знам што можам да очекувам. Ви препорачувам да си земете од оваа крема евтина е (181 денар, 40 ml, a ови 40 ml ќе ви завршат работа за 3 премачкувања на 4 месеци, имате и од 200 ml), повеќе за нив има на овој сајт
http://mk.hemel.com.ro/ . Кремата во каталогот ќе ја најдете под ова име- 5240 Hemel Plus Exclusive 40ml.
Инаку немаат маркетинг и може да не ви се познати, посебно не за кожни гарнитури, a уште помалку за коли, бидејќи они имаат друг интерес, нешто козметика, нега за кожа ауу
![Cheesy :D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/cheesy.gif)