Автор Тема: Искуства со Турбини од E-bay  (Прочитано 3144 пати)

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Искуства со Турбини од E-bay
« на: 27 Март 2013, 00:19:13 am »
Би сакал на оваа тема да се споделат искуства за Турбини купени од  E-bay.

-Дали некој има купувано од  E-bay
-Дали се со добар квалитет
-Дали треба да им се верува
-Дали се нови или репарирани
-Дали можат да ти пратат на место нова репарирана
-Информации за цените и начин на плаќање
-Време на испорака
-Секаква информација во врска со претходно изнесеното е од корист

Ги повикувам сите форумџии кои имаат било какво искуство нека се произнесат
Изнесените информации ќе бидат од корист за сите кои имаат намера да купуваат од E-bay.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #1 на: 27 Март 2013, 00:20:50 am »
Za takva rabota pozelno e da ides i da si ja probas na lice mesto. posle da ne places.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #2 на: 27 Март 2013, 01:28:25 am »
Прво и основно, треба да се почитуваат основните правила на ибеј шопингот. Продавачот да има што повеќе позитивни коментари и повисок рејтинг.
Второ, ибеј има политика во item description да стои физички опис на предметот на продажба, потоа да стои дали е користен, нов или репариран и трето, да стои што ќе содржи пакетот кој ќе биде испратен од нивна страна.

Во случај некој од овие критериуми да отстапува од наведеното, најпрво го контактираш самиот продавач, и доколку одбие да одговори на твоите барања, отвораш случај во кој ја објаснуваш ситуацијата и тие преземаат мерки. Пак ќе кажам, до ова ниво нема да стигнеш ако продавачите ги избираш внимателно.

Сиве овие работи важат за турбините, нормално нели ако ги убедиш да ти испратат пакет во Македонија.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #3 на: 27 Март 2013, 08:34:59 am »
Здраво Борче
малце ќе ти “забегам“ од темата, ама мислам дека подобра варијанта за турбини ти е Турбо Сервис Ужице http://www.turboservis.rs/
Конкретно, репарират турбини и на репарираната дават гаранција (6м или 1г), можиш и да си купиш репарирана, или нова нормално. Заедно со комшијата пуштивме на репарирање турбина од Туарег и испадна екстра, без никаков проблем појќе од 1 година интензивно вози, и многу други познати се ептен задоволни.
И сега шо е најбитно, ако нарачваш преку интернет (не само ебау), по правило ќе ти иди по пошта или ДХЛ, ќе те фукнат на царина  и ќе ти дојди поскапо. Ако нарачваш од Ужице, тие ќе ти кажат преку кој автобус од СК да ја пуштиш твојата, и после преку кој тие ќе ти ја пуштат, плаќаш пијачка на шоферот и немаш мака.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #4 на: 27 Март 2013, 08:56:29 am »
Премногу општ поим е „турбина од игеј“.

Како да кажеш телефон од игеј. Имаш од Ерискон Т10, преку копија на ајфон до оригинал ајфон.

Исто е и со турбините.

Јас имам нарачувано, но не за мене, кинеска игеј турбина. А мислам дека ЈАН ТУРБО возеше од кинеските, па можеш и него да го прашаш.

Овие јас што ги нарачав (две) мислам дека не издржаа многу, али дали беше до нив или до колата не знам.

Стигнаа за 2-3 недели, ако немаш цариник ќе платиш давачки на нив, ако имаш ќе го почастиш цариникот. Не беа репарирани, али беа кинески. Па квалитетот, варовоите, материјалите се такви какви што се. Во Грција кај Димитри им бараа дупло повеќе мислам.

Јас за моја кола не би ставил, а уште помалце ако мислам да ја чипувам или оптеретувам дополнително.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #5 на: 27 Март 2013, 14:10:49 pm »
Јас немам многу искуство околу оваа работа се работи за кола AUDI A4 1.9 TDI 66 KW 1Z 1996 или турбина GARRETT  T15 028145702 пред некој ден менував филтер за воздух на моторот и случајно отворив кај усисот и видов има лувта, масло не троши и не чади од ауспух сеуште па излеговме со еден другар према прилеп да ја пробаме тој има исто AUDI и вели дека послабо забрзува ама постигна брзина 170Km/h можеше уште инаку моторот убаво работи убав звук како за дизел но приметувам дека е зголемена потрошувачката не знам точно колку бидејќи немам фатено некој ред а и не знам колку треба да трши овој мотор гратска и на отворено ако некој има измерено за овој мотор нека сподели.
Дејан спомна ужице дали на нивната веб страна има подетално објаснето за модели цени нови репарирани ако се репарира колку е тоа во втеме итн.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #6 на: 27 Март 2013, 15:17:50 pm »
Здраво земјак
во врска со турбината по мое искуство ако не чини ќе имаш знаци на трошење на масло, можи да линеј околу турбото, или да чади. Ама како и да е би требало да имаш метален звук на зуење после +- 2000 обртаи, карактеристичен е, не би требало да го помешаш со звук на мотор или слично. За ова најубо да си се осигураш баш ако е сигурно турбината. Овие Миле Оризари сервисот за аудија имат доста искуство (сега нели сменаја за Форд се).
Ова со ужице за туарегот мислам дека беше ~200-250е (заборајв, мислам дека има и дури 2 години од тогаш). На ова ќе имаш и трошоци за монтажа и демонтажа (на мајстор). Репарираната ја пуштија наредниот ден. Иначе за нив најубо директно да му се јавиш, така напрај и комшијата, или пиши му на тој контакт маилот, доста се профи одговарат.
Или пак да се заинтересираш, пошто за тој мотор има многу во МК, па да најдиш пак половна (пред 2-3 недели еден за Сеат во СК најде половна за 300е).
поздрав

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #7 на: 27 Март 2013, 15:38:43 pm »
Дејан колку што можам да слушнам јас и некој мој пријатели поискусни со мотори не слушнавне таков звук моторот дава карактеристичен дизел звук и при 3500-4000 rpm но пак ќе проверам

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #8 на: 28 Март 2013, 18:32:39 pm »
Samo Grcija za reparirajje turbini. Srbive se svetlosni godini nazad.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #9 на: 28 Март 2013, 19:07:27 pm »
Јас во грција наебав, ми шитнаа кинеска копија не пак на ебаи да верувам. Али тоа е кога човек нема појма

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со Турбини од E-bay
« Одговори #10 на: 29 Март 2013, 02:08:19 am »
Јас во грција наебав, ми шитнаа кинеска копија не пак на ебаи да верувам. Али тоа е кога човек нема појма

Prevaranti nasekade. Oci otvaranje ! Inubavo da se gleda