Да им оддадеме почит на олдтајмерите, еве јас да започнам со една моја желба, конкретно имам планови за следнава кола
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=d6pOWJCtyxo=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=TK825chpUWFo/C%206B2qigIkkGtv4RHFB
во преговори сум да ја купам, само ќе видиме како ќе се снајдам со финансии, во план ми е барем да ја купам па како ќе бидам во можност да ја реставрирам целосно, ама здравје боже.
Пред да официјализираш да пазиш со објавување за да не се најде некој како мене да ти ја зеде пред нос.
Штета што сега јас не одлучувам за парите дома инаку би ја зел одма. Сигурно во иднина ќе биде многу поскапа гледам во германија веќе кадетт ц дрижи солидна цена. А кога и да е ќе земам и едно купе па да си направам една мини колекција за мерак не е веќе детски сон пораснав а уште ме држи. Кадетт ц е колата со која пораснав и сите спомени од детството ми се сврзани и со неа.
Инаку мојот е кадетт ц лимо од 75та. Подвозјето им е идентично и на лимо и на купе само надворешно се разликуваат.
Така да за делови може да ти кажам од прва рака дека се наоѓаат. Некои полесно некои потешко но ги има.
Последно што сме менувале се задни гуртни мислам 1000 беа двете може и малку поефтино. Анлансер нов 1500 само него го чекавме од страна да го донесат. Предни лагери по 300 парче. И тоа е се во последниве 10 години што е сменето освен улје и филтри.
Мене ми е несфатливо како некој може да продаде ваква кола (а и ме радува дека се наоѓаат такви будали па ќе може да си купам едно купе) но и брат ми е таков тој одма би ја продал а тие пари се малку и да купиш подобра неможеш во никој случај. Среќа јас сум тука да си го чувам па нема пари за кои би го продал.
Само да додадам и која е најдобрата комбинација освен традиционалната жолто-црна на купето.