Дива смоква која сакам да ја уништам, и за која што имам пишано во темава, и јас имам во дворот.
За коренот да го раскопаш, ти треба булдожер. Рачно ќе се убиеш од копање.
Јас го исеков големото стебло и ми никнаа околу 100 мали околу него.
Ставав се, солна киселина, крупна сол, прегорено уље. Безуспешно.
Прскав на 3 пати со препарат за сушење трева што го користиме во лозарството, пак безуспешно, но ја ослабе и и ја смени бојата. Мое мислење е дека со прскање на секои 2 до 3 недели со оваков препарат, ќе се исуши од корен, само треба упорен да бидеш.
2 врсти памтам, едниот е boom effect, другиот nasa.
Кој и да го земете, иста состојка се сите. Само мора да биде неселективен, за секакви треви.
300 грама се става на 10л вода. За да напрскате нема да ви треба ни 2 литра течност, така да ставете дупла доза.
Внимавајте, што ќе прснете со препаратов, ќе се исуши.
Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk