Препорачајте ми некое семе за убава трева у двор. Прекопав еден дел па да го садам одново.
Земјоделска аптека тафталиџе оди ќе си земеш трева за сенка или за сонце зависи од местото. Ќе земеш најмалку дупло од што треба по квадрат. Најмалку. Нај-малку. (Ја јадат врапци, гулаби, мравки, се сушат семиња...) 360денари кило, грубо за 15 квадрати РЕАЛНО е тоа. Фиктивно е за 35м2.
Ќе си земеш и 15/15/15 ѓубренце кило е околу 60 денара. Колку трева толку ѓубренце. Одма се раствораат гранулите во замјата после 3 дена.
Ако ти е на сенка местото и имаш проблем со мов ќе си земеш и железо сулфат. Ќе раствориш во вода 10л, 200г за 15м2.
Грубо тоа е. Колку поголема квадратура множи си пута толку. Значи за 15м2, кило трева, кило ѓубре гранули и 200г железо.
Убаво е да земеш 20-30% вишок за да ти остане, за после месец дена кај што ќе има дупки од чавки, мочки и мравки да коригираш и да фрлиш втора тура кај што е тенко.