Муљ е кал така?

Ако е кал, тогаш ептен погрешен начин на сеење трева (и ред други ствари, освен ориз ваљда

)
Просторот за трева треба да е прекопан, да си излези природна влага од копањето. Потоа добро натапкан, нагазен (со рамен предмет, штица на пример), израмнет, потоа врз таа рамна површина се сее семето (измешано со прашок за штетници).
Јас кога ги правев тревниците (пред ехехееее) си тргнав малку земја ситна и после сеењето на семето на рамната површина, од горе ставив тенок слој на ситна земја. И така секој ден по малку се залева со вода со прскалка, додека никне тревата.
На почеток е ретка, ништо страшно. Првите косења се обавуваат на тој начин што косилката се мести да коси на највисоко, најдолго стебленце да остава на тревата. Не е препорачливо тревата уште одма да се изгази затоа што многу лесно се оштетува и гори.