Сега тој муабет го правев со другариве. Кола се пали за 500 метри и се паркира пред кафич, ако може и внатре некако да се влези, а со тоа додатно се згрчува сообраќајот и се отежнува движењето на пешаците. Ама ај објасни му...
Мора да сфатиме дека не треба кола да се пали за било која дистанца, за пуфкање по било која цена, за џековање пред чупиња. Па има мотори, точаци, аутоногама решение, електрични тротинети(се надевам за брзо ќе се распространат бидејќи се практични) итн. Исто треба да се сфати дека кога е викенд или има попусти, или е нова година, дека нема место за паркирање било во моловите или околните бесплатни паркиралишта. Со гла сакаме ѕид да турниме.