Пошто очигледно не успеваме да се разбереме, и некои луѓе го сфаќаат тоа лично, да објаснам.
1. За годинава има цел распоред на настани. Предвидени се неколку статични и неколку возачки настани, од кои еден возачки собир е предвиден да биде со подолга маршрута.
2. Баравте два пати мислење од мене. Два пати давам мислење без многу да издадам од тоа што се плановите за да бидат какво-такво изненадување, вие продолжувате со форсирање на муабетот и со правење листа. Све е тоа топ, и јас сакам да се дружам и да возиме некаде, ама полека..
3. Организирање собир не е наједноставна работа. И самите знаете дека доаѓаат коли и членови од цела Македонија. Соодветно на тоа, потребно е да се избере локација, време, итн што ќе им одговара на поголемиот број од членовите. Во најмала рака треба да има паркинг за 40-50 коли.
4. Бидејќи е сеуште (технички) зима, и самите знаете дека времето е непредвидливо. Во неделата пукаше сонце, вчера беше топло, денес врне. Не можеме од денес за утре да бидеме сигурни какво ќе биде времето, камо ли за две недели од сега. Со оглед на тоа дека доаѓаат луѓе од цела Македонија, не би било фер ако заврне на дента на собирот, на луѓето во 9 сабајле да им кажеме „дечки, пу-пу не важи, врне, откажуваме“. Некои луѓе земаат слободен ден од работа за да се приклучат.
Значи, трпение-спасение. Собири ќе има. Настани ќе има, цела година. Минатата година организиравме неколку различни работи, годинава сакаме да организираме уште повеќе.