Автор Тема: противправно одземање на возило (кражба)  (Прочитано 7131 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Не сретнав тема од овој тип, ако има нека се брише оваа. Во секој случај добро е да се продискутира на оваа тема. Со продлабочување на економската криза во комбинација со „ефикасноста“ на нашата полиција, се повеќе ќе имаме потреба сами да ги заштитиме нашите возила. Кој би биле најдобри методи, алармен уред, уред од типот на LoJack, delocking на бравите. Може и да се продискутира и за тоа кој возила се најкрадени кај нас, каде завршуваат. Сигурен сум дека сите ние сакаме да ги заштитиме нашите возила, не секогаш се пречка финансиите, некогаш и неинформираноста игра улога.
« Последно менување: 02 Март 2013, 01:08:54 am Dean »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7176
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #1 на: 01 Март 2013, 21:34:22 pm »
За мене ГПС е еден од посигурните начини против крадење кола.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #2 на: 01 Март 2013, 21:52:43 pm »
Едно време 95та Бугарин ни правеше муабет дека чува питон во кола...

Ама сигурност не се разговара баш вака јавно. Јас сум поштувал mulTlock порано.


Како и да е секоја криптографија и енкрипција само додава на време.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #3 на: 01 Март 2013, 22:12:59 pm »
Мислам дека уште на прво место за заштита е лавја канџа, другите заштити се само украс .

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #4 на: 01 Март 2013, 22:15:23 pm »
^^


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #5 на: 01 Март 2013, 22:20:52 pm »
Доказ ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #6 на: 01 Март 2013, 22:23:58 pm »
 ;D ;D ;D Немет.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #7 на: 01 Март 2013, 22:38:01 pm »
Неколку пати ја имам оставено отклучена на разни места, ниту ја украле, ниту украле нешто од неа ( а и не дека имаше што да се кради :) )

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #8 на: 01 Март 2013, 22:40:58 pm »
Епа тоа искуство пробај го со Мечкојна. Од прва рака ти велам дека нема да ја видиш веќе никогаш во државава...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #9 на: 01 Март 2013, 22:41:26 pm »
Нема заштита против крадење...Ако некој ја намерачил твојата кола, ке ја украде па макар и на камион ја качил...Имаше многу овакви случаеви...
Е сега превентивно би рекол дека алармот е ефикасен за џанкери кои крадат радија и звучки...Ке помогне при кршење на стакло, итн итн со тоа што ке го одтргне крадецот од својата намера...За кражба на возило, алармот е заштита = на 0,1 %.
Следно е вградување на ГПС. ГПС от нема да го отргне џанкерот од кражба, ке ти направи штета, ке ти украде радио, ке ти скрши инструмент табла, ке искрши прозор...Штета од 500 евра за вредност на радио од 80 евра...Нема логика, но џанакот не е крив...Он нема мозок за да размислува така...
Затоа при кражба на возилото, доколку благовремено се реагира, значи во време од 10 до 15 минути, би помогнал...Ако возилото ја помине границата на Р.Македонија, значи најблиску до граничниот премин Блаце, и влезе во територијата на Србија, односно САП Косово, можеш да си заплачеш само дека си останал без возило...Пиши пропало...Враќање мислам дека нема...Крадените возила експресно се расклопуваат за неколку часови, а потоа вишокот се носи на преса и во отпад за старо железо...

Комбинацијата на двата горе спомнати системи функционира до некаде, односно ке ти го одврати џанакот или пак ке го спречи натрапникот да ја сокрие колата некаде во Мкд...
ДОколку се користи уште некој алармен систем од типот блокажа за палење, лавја канџа и тн итн, може да му створи само дополнителни маки на крадецот...Сепак ако има намерачено некое возило, ке го украде па мајка јана :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: мерки против отуѓување на возило (кражба)
« Одговори #10 на: 02 Март 2013, 00:03:16 am »
Кај мене на еден му го украдоа голфот 4ка дизел. ;D
Па кога дојдоа алфите, инаку негови блиски пријатели (го кажувам ова бидејќи стварно сакаа да помогнат) и му рекоа дека штом е пред 3-4 саати украдена колата, до сега е расклопена целата и нема шанси да ја најдеш.

После еден ден си ја најде во некоја нива оставена без гориво.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: противправно одземање на возило (кражба)
« Одговори #11 на: 02 Март 2013, 01:10:31 am »
а колку би коштало каско да се осигура половен автомобил од да речеме 4000 евра вредност и како се одредува неговата вредност.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14748
Одг: противправно одземање на возило (кражба)
« Одговори #12 на: 02 Март 2013, 02:14:22 am »
Во понеделникот на другарче мое му го украдоа Југото 45-ка. Го најдоа во нива...само школка...
YUGO 45 БЕ! Со чукнато крило скапано ...расштрафени седишта...и палење на дугме (и тоа без клуч и расипани брави). Ни радио немаше...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: противправно одземање на возило (кражба)
« Одговори #13 на: 03 Март 2013, 04:06:39 am »
Иам два предлога.
Првиот, темава да се премести во соодветен подфорум, бидејќи нема никаква допирна точка со техничко одржување.
Вториот предлог е да се тера малце поозбилна дискусија, без тролање и тресење глупости.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: противправно одземање на возило (кражба)
« Одговори #14 на: 03 Март 2013, 12:44:29 pm »
Ima li vo mk full kasko za polovnjaci kako vo Bugarija i cela EU ili nemaT ?