Нема заштита против крадење...Ако некој ја намерачил твојата кола, ке ја украде па макар и на камион ја качил...Имаше многу овакви случаеви...
Е сега превентивно би рекол дека алармот е ефикасен за џанкери кои крадат радија и звучки...Ке помогне при кршење на стакло, итн итн со тоа што ке го одтргне крадецот од својата намера...За кражба на возило, алармот е заштита = на 0,1 %.
Следно е вградување на ГПС. ГПС от нема да го отргне џанкерот од кражба, ке ти направи штета, ке ти украде радио, ке ти скрши инструмент табла, ке искрши прозор...Штета од 500 евра за вредност на радио од 80 евра...Нема логика, но џанакот не е крив...Он нема мозок за да размислува така...
Затоа при кражба на возилото, доколку благовремено се реагира, значи во време од 10 до 15 минути, би помогнал...Ако возилото ја помине границата на Р.Македонија, значи најблиску до граничниот премин Блаце, и влезе во територијата на Србија, односно САП Косово, можеш да си заплачеш само дека си останал без возило...Пиши пропало...Враќање мислам дека нема...Крадените возила експресно се расклопуваат за неколку часови, а потоа вишокот се носи на преса и во отпад за старо железо...
Комбинацијата на двата горе спомнати системи функционира до некаде, односно ке ти го одврати џанакот или пак ке го спречи натрапникот да ја сокрие колата некаде во Мкд...
ДОколку се користи уште некој алармен систем од типот блокажа за палење, лавја канџа и тн итн, може да му створи само дополнителни маки на крадецот...Сепак ако има намерачено некое возило, ке го украде па мајка јана
