Mnogu cuden svet e ova maskiov... Abe odete vo priroda radi prirodata ne radi rakijata. A za dadickite vo crveno,hmm mislam deka ke ima dadicki vo/so crveni koli :-) mozese I vo crveni maicki,ama nema zenski maicki! Maski svet sto da se pravi :-)
До сега сите стереотипи и генерализации се покажале како глупи, па така е и со дефинирање на сите личности од машки род како група машки чуден свет.
Што се однесува до одењето, целта е да се дружиме и да возиме, заедно. Ако ни беше до природа, никој не не спречува да појдеме на Водно, Парк и слично, без договарања.
Што се однесува до ракијата и останатите алкохолни пијалоци, не е проблемот до нив туку до сваќањето на оние кои пијат и оние кои не пијат. За мене алкохолните пијалоци се само намирници кои можат да бидат пропратен дел од храна (вино и пиво), стимуланси за подобар крвоток, инструмент за намалување на стресот и напнатоста од секојдневните обврски и проблеми и инструмент за општо подобрување на расположението. За жал постојат возрасни и деца чија поента со пиењето е да се снемоштат и да избегаат од реалноста. Во најлоша варијанта хронично алкохолизирање - т.е. стил на живеење се сведува само на физичко постоење.
Да резимирам, мене поентата со носењето на ракија на собир е исклучиво за подобрување на расположението на оние кои знаат правилно да ја конзумираат. Опивањето(во граници на можности и расположение) ми е само едно од повеќето задоволства кое си го приуштувам еднаш до два пати месечно, подеднакво како и дадичките во црвено кои и покрај тоа што сеуште не ми е сменет, не си ги приуштувам како фамилијарен човек. Други задоволства на пример се автомобилите, компјутерите и слично. Токму затоа и сме членови на форумов.
Ганерализацијата "машки свет" беше употребена како метафора за форумот.
Во суштина генерализации и групации на сите во куп, без разлика за која целна група и да станува збор, не е основана. Еве, ти си жив пример (gOJDO) дека не припаѓаш во ниедна "група", се издвои со твојата реплика во вид на филозофска мисла. За разлика од тебе (и уште два тројца) ретко кој друг би бил импресиониран од вака широко, сеопфатно појаснување на нештата.
И да продолжиме понатаму...
Целта на собирот е дружбата, која за секој поединечно е уникатна приказна: некој оди да се прошета, некој да ве запознае, некој да свтри мевце на ражен, некој за...поим немам што.
Да скратам - "одете во природа ради природата не ради ракијата" компаративно кажано со суштинско значење од следново: "Не пијте додека возите!"
А тоа дека алкохолот е стимуланс, несомнено е така, но тоа дека го подобрува расположението има основа, но нема доказ бидејки расположението може да ти биде на највисоко ниво и без стимулансот наречен алкохол. А секојдневните проблеми ништо не ги решава освен самиот ти
Дадичките во црвено беа спомнати како реплика на сликата подоле во форумов без намера дека баш на тој ден некој треба да ги конзумира. Последователно на тоа беа спомнати и црвените маички како реплика на тоа дека постојат само машки маички со натпис carclub.mk
Да завршам...
Се надевам дека овој пат не ме сфативте толку сериозно како до сега, иако коментаров е напишан во сериозна форма, во секој случај гледам дека тешко се прифака член од женски род или пак може до мене да е проблемот
Се надевам дека не е до мене проблемот
А да делот со автомобилите...И затоа сме сите членови на форумов...
и сите сакаме маичкииии