Ти препорачувам сам да ја направиш процедурата.
Под хауба пишува колку проценти е аголот (обично означено со бројка и % знакче на крај, некаде на фаровите),
- Напумпај ги гумите по спецификација.
- Најди вертикален ѕид и 10 метри хорзизонтално место пред него.
- Сетирај го подесувањето на висина на светлата во кабина на 0,
- Доближи се со колата до ѕидот, на неколку сантиметри, обележи ги центрите од фаровите на ѕидот точно и видливо (точката каде светлосната линија почнува нагоре да се крева).
- за 10 метри, 1% пад на снопот е 10cm на ѕидот, 2% - 20cm итн...), обележи под центарот по оваа математика, каде би требало да биде центарот на светлината на растојание од 10м.
- врати се назад, точно 10м од ѕидот (земи си подолго метро),
- затвори го едниот фар со картон, да не ти смета додека го подесуваш другиот.
- подеси точно на пресметаното маркирано место.
- повтори ја процедурата од последните две точки и за другитот фар.