Аутонивелирање мора да имаат сите со фабрички ксенон. Исто како и прскалките за миење на ксеноните, тоа е одамна внесено во европските закони (нашиве закони не сакам да ги спомнувам). И да се разбереме, не мрткаат цело време во возење, туку на палење на колата, системот гледа со помош на сензори на предна и задна оска, колку колата е оптеретена со товар. Исто така, овие фабрички ксенони си имаат свој процесор, до кој се стига преку ОБД, за да може да се направи корекција на нултата точка од нивелирањето (на празно ауто без шофер седнат внатре). Ова се врши по правило при секоја промеена на ксенон сијалици.