И јас лупнав Narva LED-HL H7 на 159-ката за соборени (средни) светла. Првичните импресии се добри. Не разочараа. Со оглед на тоа дека Osram NB Laser коштаат пола од цената на овие, се надевам дека LED-ов ќе издржат барем дупло повеќе.
Позитивни работи:
1. Лесна инсталација, не морав да растурам пола кола за да ги наместам, потребно ми беше незначително повеќе време во однос на халогена H7.
2. Се подесува аголот на телото во однос на држачот
3. Кратки се, ги собира во фар со затворен капак
4. За нијанса подобро осветлување во однос на OSRAM Night Braker Laser H7
5. Изгледа немаат +- полови, туку како и да ги штекнеш, си работат (барем јас не успеав наопачки да ги погодам)
6. 20 години посвеж изглед на колата.
Негативни работи:
1. Телото се загрева солидно, вентилаторчето не сум сигурен колку ефикасно ќе ги лади и колку ќе влијае на трајноста.
2. Иако е подобро од халоген H7, очекував уште повеќе светло.
3. Би сакал да беа 5000K наместо 6000К, но не е страшно.
4. Сепак мислам дека Xenon HID кит со соодветни лупи ќе бидат подобар апгрејд.
Како и да е, еве некоја првична слика:
ЛЕВО NB Laser, ДЕСНО NARVA LED:
На отворен пат:
Во потполна темница на отворен пат:
Во градска средина (визбегово роуд) со слабо осветлување:
На кола: