Ајде да споделам и јас едно искуство, може ќе му помогне на некој(БЕЗ РАЗЛИКА ШТО Е ШАБАНСКО).
Лупите од фаровите ми беа ужасни и светеа ко свеќи поради изгорени рефлектори/сочива.
Пресудни за ваков чекор беа неколкуте стопирања од страна на чичко полицаец поради возење со магленки и секако пред се пречењето на другите созвозачи.
Подучен од странски форуми конечно се решив да ги средам фаровите. Малце е шабанско решение ама како беше она "If it works, its not stupid"
.
Во прилог слики...чисто да напоменам дека претходно ставив лед на
несредени фарови со цел да пробам да добијам појаки светла, но немаше буквално никаква разлика помеѓу халоген и лед. Викендов успеав да го средам само едниот фар(левиот со лед) и од нетрпеливост ставив само една лед сијалица зошто другата ми прегори за да видам како ќе изгледа, треба да си купам нови
, а во десниот е останата халоген. Видете која разлика !!! Лупата е обложена со самолеплива алуминиумска трака и препорачливо е да се користи лед зошто развива помала температура, да не гори лепакот од фолијата кој е отпорен до одреден степен на топлина, тестирано, не може да се запали.