Бројчето означува разлика во големина на светилката. Нема подобро и/или полошо, само зависи од типот, твојата кола какви користи. Н4 има жичка и за средно и за долго светло, и нормално, се користи кај оние фарови, кај што долгото и средното се во исто куќиште. Н7, Н1 и остали, имаат само по една жица.
Мислам дека самото „Н“ го означува типот на конекторот. Еве на пример, кај мене на Лансерот, средните се HB4. Конекторот е под прав агол, па затоа има двојна ознака. А „4“-та може да измами, дека сијалицата е и за долго и за средно, ама не е, во посебни куќишта се.