Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 388325 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1920 на: 11 Октомври 2020, 13:59:22 pm »
Дали да ставам ксенон на фар со лупи предвиден за халогени сијалици h1 поточно, ќе има некои контра ефект на снопот кој го дава, по самата лупа да не ја оштети со оглед на тоа што развива голема температура ксенонот.
Или пак да одам со лед сијалици h1, дека исто пари се со „премиум“ халогени h1. Мислење и искуство.  :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1921 на: 11 Октомври 2020, 15:07:30 pm »
Ксенон развива помала температура од халогена сијалица.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 435
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1922 на: 11 Октомври 2020, 16:12:45 pm »
Дали да ставам ксенон на фар со лупи предвиден за халогени сијалици h1 поточно, ќе има некои контра ефект на снопот кој го дава, по самата лупа да не ја оштети со оглед на тоа што развива голема температура ксенонот.
Или пак да одам со лед сијалици h1, дека исто пари се со „премиум“ халогени h1. Мислење и искуство.  :D

Зошто сакаш да ставиш ксенон ?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1923 на: 11 Октомври 2020, 16:27:41 pm »
Веројатно слаб е снопот на соборните светла.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6885
  • French diamond
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1924 на: 11 Октомври 2020, 16:36:26 pm »
Глупаво прашање е зошто да стави ксенон на фарови со лупи...затоа што е 10000 пати подобро и поубаво од обично жолтило.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1925 на: 11 Октомври 2020, 16:37:10 pm »
Супер е снопот, убава линија дава и сум задоволен од светлата. Меѓутоа, секоја втора кола има ксенон на обични фарови и вади очи, те заслепува.
Па си викам, upgrade да направам и јас со ксенон или лед, и така не важат закони кај нас.

Штом развива помала температура ксенон, не знаев искрено, ќе гледам да најдам комплет или лед или ксенон, ќе биди нешто од овие две.  :D
Ако снопот е масакар, ќе ги вратам стандардните халогени h1.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1926 на: 11 Октомври 2020, 17:02:32 pm »
Кај мене снопот на соборните некако слап ми се гледа,кога врне на влажен коловоз ич да не правам муабет 😁

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 435
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1927 на: 11 Октомври 2020, 23:51:43 pm »
Глупаво прашање е зошто да стави ксенон на фарови со лупи...затоа што е 10000 пати подобро и поубаво од обично жолтило.

како тоа 10000 пати подобро и поубаво ? да било така од фабрика ќе ја направеле со xenon. воопшто не е глупаво прашањето. Xenon, на кола што од фабрика нема xenon е CHEAP-a*s мод. што се увреди толку..

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1658
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1928 на: 12 Октомври 2020, 00:08:14 am »
Добра халогена >>>>>> лоша модификација на Ксенон или лед. И за себе и за останатите учесници во сообраќајот.
Ама јбг, жолто ќе свети.
Другар мој на Мазда 3 има ставено Ксенон на кратко светло, оти нели, фар со лупа и имав прилика да возам некои 150-200км ноќе... Многу слаби светло и напорно за очите.

D-r Ordevski


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1929 на: 12 Октомври 2020, 08:06:34 am »
Изгорени лупи...на i30ката имав халогени фарови со лупи и само што ја купив ставив ксенонки од Новус, сноп, јачина све топ првите 2 години, после изгореа лупите и светеа ко свеќички за торта, ама бело.

Халогенки ја горат лупата со висока температура, а ксенонки со UV зрачење, треба посебна лупа за двете. Така да ксенонка во лупа за халогенка и обратно, не.

Исто така чкарт ксенон сијаличка ќе ја изгори најквалитетната лупа за ксенонки многу побрзо од квалитетна сијаличка.
« Последно менување: 12 Октомври 2020, 08:14:17 am Molec »


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1930 на: 12 Октомври 2020, 08:13:46 am »
Изгорени лупи...на i30ката имав халогени фарови со лупи и само што ја купив ставив ксенонки од Новус, сноп, јачина све топ првите 2 години, после изгореа лупите и светеа ко свеќички за торта, ама бело.

Халогенки ја горат лупата со висока температура, а ксенонки со UV зрачење, треба посебна лупа за двете. Така да ксенонка во лупа за халогенка и обратно, не.
6000k imaat UV zracenje, 4300k skoro i da nemaat odnosno mnogu malku. Zboruvano e ova na forumov.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1931 на: 12 Октомври 2020, 08:15:08 am »
Да, тие што ги монтирав беа 6000к 35w.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1932 на: 12 Октомври 2020, 08:48:51 am »
Да, тие што ги монтирав беа 6000к 35w.
Ах и тоа. 35w имаат повеќе од 55w.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1933 на: 12 Октомври 2020, 16:55:48 pm »
Значи да барам led h1 некое сетче. Ако не ги бива за кратко ги префрлам на долго светло.  :D

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1934 на: 12 Октомври 2020, 20:32:27 pm »
Јас имав кинески ксенон на калосот уште на времето 20 долари од алиекспрес, светеа 10 пати подобро од Х4 фабричките.
Мое мислење е дека и кинескиот ксенон е подобар од некои халогени/фарови.
Ги користев 2 години без проблем, после тоа ја продадов колата.
Можно е фаровите на калосот да биле тапа, мада мене ми делуваа ок, искрено не се разбирам во фарови, ама со ксенонот осетив многу големо подобрување.