Денеска ставав сензори на Сеат Ибица 6Ј Фејслифт (веројатно така го водат моделот). Еве по некоја сликичка од целиот процес:
Прво се беше убаво обележано и измерено за да изгледа како што треба:
Бушење на браникот (the point of no return
)
Каблите за сензорите ги протнав низ отворот за вентилација. Не сакав да бушам дупки на шасијата и ова ми се виде како единствено друго решение.
Сопственикот на возилото не сакаше да се гледа дисплејчето па го сместивме во едно дупче под задните седишта, убаво го замотав во сунгер и го прицврстив за да не тропка. Исто така и кабелот што оди до него го залепив за да не мрда и да не тропа.
Сите кабли заедно со контролната единица спакувани со сунгер од долната страна за да не вибрираат и да не тропаат.
И на крај конечниот производ:
Според мене и според сопственикот на возилото супер излезе, единствено малце смета што се сјајни сензорите а лајсната на браникот е мат, меѓутоа ќе се поминат со 1000 шмиргла и ќе се изматираат без проблем сензорите.