Автор Тема: Инсталација на сензори на Сеат Ибица  (Прочитано 9543 пати)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« на: 23 Февруари 2013, 13:42:08 pm »
Денеска ставав сензори на Сеат Ибица 6Ј Фејслифт (веројатно така го водат моделот). Еве по некоја сликичка од целиот процес:

Прво се беше убаво обележано и измерено за да изгледа како што треба:



Бушење на браникот (the point of no return :D )



Каблите за сензорите ги протнав низ отворот за вентилација. Не сакав да бушам дупки на шасијата и ова ми се виде како единствено друго решение.



Сопственикот на возилото не сакаше да се гледа дисплејчето па го сместивме во едно дупче под задните седишта, убаво го замотав во сунгер и го прицврстив за да не тропка. Исто така и кабелот што оди до него го залепив за да не мрда и да не тропа.





Сите кабли заедно со контролната единица спакувани со сунгер од долната страна за да не вибрираат и да не тропаат.



И на крај конечниот производ:





Според мене и според сопственикот на возилото супер излезе, единствено малце смета што се сјајни сензорите а лајсната на браникот е мат, меѓутоа ќе се поминат со 1000 шмиргла и ќе се изматираат без проблем сензорите.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #1 на: 23 Февруари 2013, 13:42:43 pm »
profesionalno izvedeno. Sekoja cest !

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #2 на: 23 Февруари 2013, 14:05:41 pm »
одилчно томе :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #3 на: 23 Февруари 2013, 14:47:39 pm »
Одлично сработено, да не кршам филм, ама некако ми гледаат ниско поставени сензорите? Обично повисоко треба да стојат за да бидат попрецизни?

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #4 на: 23 Февруари 2013, 14:53:49 pm »
Благодарам за пофалбите. Иначе не кршиш филм, точно е дека се ниско поставени и за тоа сопственикот на возилото беше предупреден од моја страна меѓутоа неговата одлука беше дека ќе се постават на овој начин и свесно си превзема ризик за истото. На крај излезе дека не е толку страшно и сензорите си функционираат одлично.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #5 на: 23 Февруари 2013, 15:11:52 pm »
Фабричките паркинг сензори се наоѓаат тука, така да тука е најидеално место за поставување. Одлично испаднало Томе.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #6 на: 23 Февруари 2013, 15:40:29 pm »
Момак за све. :)
Човек не си ти за факултет,отвори си една работилница,дефинитивно ке си најдобар.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #7 на: 23 Февруари 2013, 16:46:28 pm »
А зошто го сакал да ги скрие дисплејчето, само по звук ќе се ориентира?

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #8 на: 23 Февруари 2013, 16:52:06 pm »
Фабричките паркинг сензори се наоѓаат тука, така да тука е најидеално место за поставување. Одлично испаднало Томе.

Да, ако фабричките за направени за таа висина тогаш тоа е друг муабет, најчесто обичните или афтермаркет сензорите кои се ставаат накнадно се направени за повисока висина.

Уште еднаш, секоја чест како е сработано.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #9 на: 23 Февруари 2013, 17:48:58 pm »
Никако колегата да го наговорам да стави.
Два пати ќе закачеше кола рикверц не му доаѓа памет.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #10 на: 23 Февруари 2013, 17:50:03 pm »
А зошто го сакал да ги скрие дисплејчето, само по звук ќе се ориентира?

Да да само по звук ќе се ориентира, затоа што реално дисплејот не изгледа баш убаво за да го ставиш некаде а и вака е доволно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #11 на: 23 Февруари 2013, 18:02:15 pm »
ke si imaat muka senzorive brat...siguren sum deka znaes deka treba da bidat po propis odvoeni megju sebe i da ja imaat propisanata visina...inace  SEDI, ODLICEN (5) ;)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #12 на: 23 Февруари 2013, 18:04:34 pm »
Знам Гого јас си кажав се тоа, ама таква беше желбата и така ги наместив :)

Иначе фала за оценка :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #13 на: 23 Февруари 2013, 18:16:28 pm »
najbitno e dali si zema paricki ???

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Инсталација на сензори на Сеат Ибица
« Одговори #14 на: 23 Февруари 2013, 18:19:19 pm »
Наредена е таа работа :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“