DRASH-Те разбирам потполно низ какви маки си поминал со југото,бидејки и јас имав заставино возило 101 гтл 55 /86 год.пред 3-4 год.и нон стоп киснев по мајстори и му ги полнев џебовите за на крајот цената што плаќав за одржување на возилото не достигне до 1740 еур. за 3 год. колку што беше кај мене

.( се продаде за 600 еур.)
И јас како тебе го имав истиот проблем кога дојде време да го менувам 101,се распрашував секаде и секого и секогаш добивав различни одговори де ова земи, де она земи,ова чини ,ова нечини, и на крај ми пукна филмот и седнав и почнав да размислувам за што ќе го користам возилото што ќе го земам.И почнав рационално да размислувам.
-имам 2 мали деца: (значи ке ми треба поголемо возило со поголем багажен простор)
-возилото ќе го користам и за работа: (пак излезе дека ќе ми треба поголемо возило со голем багажен простор)
-релативно евтино за одржување: (значи возило од ниска или средна класа)
-ниска потрошувачка на гориво
До тука веќе отприлика знаев дека ќе треба да купувам караван возило,ама незнаев која точно марка и со кој мотор да одберам,и ми текна да ги прашам некои пријатели кои возат такси возила каравани.Нивните одговори беа wv golf 3 1,9 дизел или opel astra ф 1.6 или г бензинец каравани.
Бидеќи многу не ги сакам дизелите се одлучив за астрата,и почнав да барам астра по интернет сајтови за продажба на возила.
после неколку минути од кога почнав да пребарувам излезе една астра ф караван 1.6 16v ecotek од 95 год. со атестиран плински уред .Веднаш ми се фати на око што се вика и му се јавив на човекот што ја продаваше,и се договоривме следниот ден да ја видам колата.Послем половина час колата ја купив колку што бараше човекот.
И ден денес ја возам истата кола и сум задоволен од нејзе и што е најважно не киснам по мајстори секој втор ден.

а досега за овие 3 години имам дупло помалку платено за одржување отколку за 101.