Автор Тема: Патиштата во Македонија  (Прочитано 6550 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Патиштата во Македонија
« на: 16 Февруари 2013, 00:16:35 am »
Доколку на темава местото не и е соодветно, молам администрација да ја премести.
Благодарам.

Да се навратам на моментот, односно на насловот на темата.
Патиштата во Македонија...
Имено сум крајно изреволтиран, иритиран, нервозен, чурам. Цела недела сум по патишта, цела недела ја изроварив Македонијава.
Земјава ни наликува на држава од пред 800 години, кога се уште немало цивилизација, барем не на овие простори и кога луѓето можеби и тогаш не знаеле за друг пат освен онаков, земјен, од газење што бил направен...
Денес ја имаме истата односно можеби и полоша ситуација...
Ниеден пат не е како што треба!!!
Све е дупка до дупка, кратер до кратер...Патот до Велес, новиов е ајде да речам ОК...Од Велес натаму, она што било пред 20 години автопат, сега е канта пат...Да не зборувам за назад...Од Велес према Скопје...Не канта пат, ДРИСЛА пат е тоа...МИзериЈА....
А бе колите ги искршивме...
Кочани, мизерија, Штип ужас, Неготино преку Криволак, така така, за Кавадарци катастрофа, Охрид мизерија...
За Битола луѓе за кратко нема да може да се оди...
Состојбата на патиштата перд Плетвар е очајна...Мислам дека тој дел, Крушево, Прилеп, Битола, ке биде одсечен од цивилизацијата...За Битола ке се оди преку Кичево...Од таму не сум поминал долги години, но верувам дека патот не е ништо подобар од овие набројаниве...Стварно е срамота...
Значи пред Плетвар фали цела лента...Патот е пропаднат, го нема!!! Овој проблем се провлекува скоро година дена, ако не и повеќе, и ниедна стока од Македонија Пат или некоја надлежна стока од некја си задолжена служба нема да се огласи за санација на лентата. Значи таа е буквално пропадната...Почнува и другата лента да се подкопува и да пропаѓа...Тој дел од патот е крајно небезбеден. Никој ништо не превзема...
До кога само незнам...
Еве слики, еве видео...Мада мислам дека на сите ви е познато за кој дел од патото зборувам. Фала...





Каков пат, таква држава!!! Пропаднат пат, пропадната држава...

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5080
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #1 на: 16 Февруари 2013, 00:20:42 am »
Само едно ќе кажам:“Остваруваме“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #2 на: 16 Февруари 2013, 00:21:47 am »
Toa go zboruvav pred nekoe vreme.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3820
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #3 на: 16 Февруари 2013, 00:22:18 am »
Ima mislam nesto slicno na vaa tema losi patista ili taka bese. Kako i da e dobra tema ;D ;D ;D
« Последно менување: 16 Февруари 2013, 00:48:03 am Roci »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #4 на: 16 Февруари 2013, 00:24:49 am »
А што е најтрагично, овој дел од патот е 2 години стар, значи не успеа барем повеке од 10-15 години да истера.
Ама фино го решиле, нацртај стрелки за престројување и готовоооо :D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #5 на: 16 Февруари 2013, 01:04:37 am »


Ке те викнам на свадба да ми свириш :) :))
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #6 на: 16 Февруари 2013, 01:24:51 am »
аааааааа добро е... ставиле банкини... ја кога ке влепев еден тука идејки одоздола нагоре, возејки во средна лента, околу 90-100 идев, не ни приметив првиот пат дека фали цела лента... ни знак, ни стрелка ништо... 3-4 ступчиња имаше ставено и толку...  тој јадниот се испосра едвај застана до самата дупка што се вика и автоматски ми блокираше видик да неможам да видам зашто у курац уствари он е во средната лента и кој чошак му е да иде во спротивен правец... во задњи моменат видов дека фали лента, а отворив више прозор за да го терам у три лепе пи*ке материне... кога видов за што се работи, само му кренав рака во знак на извинување и си продолжив...

повторувам.. немаше ни банкина, ни знак, ни стрелки ама баш ништо... бог знае само колку луѓе во тој период ноќно време завршиле во таа дупка... да не идев дење, немаше ни јас да знам, а како што летам тука (3 ленти се јеби га) ништо чудно и јас да сум завршел во дупката...

да не го набројувам целото срање од патишта низ државава... освен од велес надоле кон гевгелија што автопатот колку толку има некакво значение за автопат (далеку од прав автопат е) и делот скопје-тетово-скопје што е релативно добар, ама другиот дел од државата е стварно срање...

од велес кон скопје... па тоа е сито и решето... дупка до дупка... крпеници само... абе чифт гуми да изјебеш ако возиш повеке од 60 на некои места.. за таму треба да ми платат што возам а не јас 90 денари да дадам... и тоа пази, нај скапата патарина во цела држава е токму на тој пат... 60 денари еј... 60 факинг денари давам за возење по кочијашки пат... ЛУДИЛО!!!

она па од тетово до гостивар и обратно... каков црн автопат е тоа? од лева страна бетонски зид со 10 сантими о длента утопорен.. од десна стана имаш пола метро пред да се сровалиш 2-3 метра подоле во нива... башка што више и тој асвалт е отиден... лимитирање на возење е 80 км на час... и плќаме ДВЕ ПАТРИНИ за тој пат...  две факинг патарини... идеш и се вратиш се 4.. 80 денари за пат на кој ризикуваш што воопшто возиш... недај боже гума да ти пукне на 80, НЕМА ПРОСТОР КАЈ ДА ИЗМАНЕВРИРАШ... кај ке ти се посреки таму.. или у бетонски зид или у њиву плодну...

а оние регионални и магистрални патеви да не ги ни спомињаме... од велс до штип на скала од 1 до 10 е му дадам 5, од штип до кочани ке го биде за 4, од кочани до делчево 0... а оној за валандово што е...  луге бре, на некои места излегла калдрмата-коцката одоздола што е... дупла до дупка... кој пат бре... бар да е земјен пат порамен ке биде.. СТРАШНО... на скала од 1 до 10 он ке иде у негатива т.е. -5... сепак не е нај страшен тој пат... нај страшен е еден дел од струга за дебар што иде... тој ке му дадам -10... страшно.. тесен, ископан, искршен, од една страна карпи, од друга страна провалија... катастрофа не видена...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #7 на: 16 Февруари 2013, 01:30:11 am »
3 пати до Штип бев со голфот, и 2 пати центрирав предница и средував бандажи....
Гледам ги закрпиле дупките пред некој ден...

Реално, срамота е што е ваква ситуацијата...
Ми се повраќа што никој не вложува во инфраструктура...

Ми се кења кога ке излезе некој на телевизија и ке каже, се обидуваме да привлечеме странски инвеститори...
хммм, што гледа еден странски инвеститор?

Една од најбитните работи, инфраструктурата, како тоа што ке го произведе, ке го транспортира...
Пошто железницата е мање више често во штрајк, авионскиот превоз е скап, останува патничкиот/карго...

Ми се кења што им мачкаат очи на странците кои доаѓаат во државата, патот од Аеродромот до центарот на Скопје е среден, од Бунарџик е исто така среден...
Кога судиш за инфраструкурата на тој начин, и Њујорк може да ни подзавиди..
Како е да тргнеш накај Куманово од Скопје по "автопатот"?

Фамозниот Е-75?
Онакви дупки може само во Нигерија да најдеш каде што Шел има бушотини за вадење нафта...

Пред 4-5 дена гледам почнал да пропаѓа и асфалтот по патарината Миладиновци... Дупки, бразди почнале да се прават...

А бе за кој красни ми наплаќаш патарина, слепец? Треба да ми платиш што ја кршам колата по тој автопат...
Туку што би кажал еден интелегентен ум, и онака само 8 пати возиш на автопат годишно, кој ке ти красни нов автопат...

Можеби и претерав со нервозата, ама не можам да сфатам како толку пари се спичкаа на ебано Скопје 2014, а автопатите ни се бетер од Авганистан, и не го користам Авганистан случајно, од искуство зборувам...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #8 на: 16 Февруари 2013, 01:34:45 am »
кај беше клипот со латас што тврди дека нашите автопати се исти како во хрватска... само во дрвата било различно....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6921
  • French diamond
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #9 на: 16 Февруари 2013, 01:39:59 am »
Епа затоа не ми се оди на лето на капење во Охрид. Возиш 100-120 и наеднаш дупка низ цела лента, и то не една едно 100тина има по пат. Во  тие моменти ми се одмилва и капење и се...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #10 на: 16 Февруари 2013, 01:41:45 am »
Кај бишенцево, демек му поставил забано прашање .... Верувам дека ке ги укине телефонските јавувања наскоро ...


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6670
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #11 на: 16 Февруари 2013, 01:49:55 am »
Затоа јас еднаш кога реков, а и повеке пати сум потенцирал дека треба да се вози повнимателно, ме обвинувавте дека ја сум едностран, дека јас повеке од кадет не сум знаел и од возењето на таткоми, ја еве ви доказ, како на онак, знаеш дека патот е 3 ленти во кои 2 ленти кон прилеп се да ги наречам твои за возење, си возиш во средната лента, оп патот пропаднал, и ете онак можел беља да направи.
Не викам дека е он крив што возел во средната лента пошто смее да вози во таа или тоа што пропаднал патот, ама затоа треба претпазливо, еднаш имам пишано дека нашите патишта не се безбедни за возење побрзо, ме напраивте неискусен, ок.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #12 на: 16 Февруари 2013, 02:03:42 am »
трололооооо... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #13 на: 16 Февруари 2013, 02:29:55 am »
Ова на Плетвар...патот беше пропаднат едно 4-5 години...го означија пред едно 2-3 години...а сеа скрос пропадна!
Што значи 7-8 години таа делница е ризична. Не знам што треба да се случи...не дај Боже да загине некој...

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Патиштата во Македонија
« Одговори #14 на: 16 Февруари 2013, 05:19:00 am »
Да се надоврзам на муабетов,тој дел каде што е пропаднат асвалтот уште пред да го асфалтираат едно човече што има во близина викиндичка му викал да стават потпорен ѕид зашто патот може да пропадни и може некој да загини,ама никој не го послуша и крајниот резултат еве го на дело.На тој дел многумина се имаат зезнато од кој и јас се бројам во нив во кој за влакно не изпогинавме јас, сопругата и децата,кога ќе се присетам на тој момент кожава ми се ежи и на никој не му посакувам такво нешто (освен се разбира на некој од нашиве глаучи што ни ја водат државава да доживеат она што го доживеавме ние.)Сета среќа беше што бев присебен и што од спротивната страна немаше никој иначе ќе не собираа со лопата.
-Бидејќи и јас сум од оние што држава ја вртат по неколку пати во месецот можам само да предупредам на некои многу опасни делници од државава (ова посебно го пишувам за шофери почетници бидејќи тие најмногу ни гинат на нашиве патишта).
1.раскрсница кавадарци плетвар-да се внимава на раскрсницата  кога излегувате од кај ф-ка ФЕНИ посебно ноќе слабо е осветлена и прегледна, а и тоа малку светло што доаѓа од бензиската станица може многу лесно да ве заслепи.
2.плетвар-прилеп.- на оваа релација на местото викано "кај тунелите" да се обрати посебно внимание зимно време зашто може многу лесно да се заслизгате и да удрите или во карпите или да падните во реката (неколку шофери се имаат и тоа многу убаво плеснато на овој дел од патот.)
3.гореспомнатата дупка иако е сега (последниве неколку год.)обележана знае убаво да ве изненади доколку не внимавате на патот.
4.на истиот пат само неколку км погоре наидувате на мостот кај каменоломот од кој почнува патот да пропаѓа и да личи на шини и може многу лесно да ве исфрли на другата страна, (посебно да внимаваат мотоциклистите) и никако да не се престигнува на тој дел.И на овој дел многумина завршија под мостот или во ендеците од спротива.
5.последен и еден од поопасните делови на оваа делница е местото викано "ленски мост".Кога слегувате од плетвар према прилеп ќе забележите дека патот од 3 ленти преминува на 2 ленти (точно на мостот),местото е такво што посебно во утринските часови од октомври па се до април може да подмрзни и многу лесно може да ве исфрли од патот.Неколку опасни и сообраќајки се случиле точно на ова место од последната беше фатална за едно семејство од бт каде на лице место загина постара жена.Многу пати прилепчани реагирале пред надлежните во прилеп токму за ова место, но сите се прават на глуви а народот  си гини.
6.прилеп-битола - патот е ужас, многу пати го поминувам овој пат и имам чуство како да се возам по селска калдрма,бара големо внимание зашто се вози многу брзо а има и дупки кои доцна можете да ги забележите а знае да изненади посебно во утринските часови, може да се појави магла.
7. битола-ресен-охрид.- на оваа релација можам само да речам господ на помош нека му е на тој што го вози.Патот (изобилува од дупки,опасни и непрегледни кривини,удолници и угорници од кој можеш морска болест да фатиш,одрони од карпи а понекогаш можно е на патот да ти претрча зајак,лисица а и по некоја мечка,битолчани си знаат :).
8.охрид-кичево-на оваа делница најопасно е кога слегувате по таа  удоницата посебно зимско време,а најзафркнато е кога ќе ги поминувате мостовите тука многу лесно  можете да искривите бандаж,а и изобилува од опасни кривини и забегани шофери кои се мислат дека се на некоја F1 патека.
9. кичево-м.брод-мирна релација не е многу оптоварен со сообрајќај , патот е релативно неоштетен,но можно е во летниот период некој тракторист убаво да ве изненади,опасно на оваа делница е кога се приближувате до м. брод каде има неколку опасни кривинчина а можно е да ве изненади и по некоја лисица или зајак.
10.м.брод-прилеп- на оваа релација најопасно е кога излегувате од м.брод и се качувате по угорницата каде скоро нон стоп има одрони од карпи а зимско време знае и да подмрзни патот и да дојди до пролизгување на возилото.втор опасен дел е патот од  с.дебреште до прилеп каде има поставено нов асфалт и се вози многу брзо, а има и доста кривини и патот ноќно време скоро и да неможеш да го видиш.
11.криволак-раскрсница штип радовиш-на оваа релација најопасно е на самата планина каде има доста одрони и опасни кривини,а зимно време на некои делови има и подмрзнат коловоз.на овај пат барем јас имам начекано 10-тина возила што удриле во камења предизвикани од одрон.
12.штип-радовиш-на овој пат обавезно мора да начекам некоја сообрајќајка,или некој да слетал во ендек многу брзо се вози и не се внимава на патната сигнализација а и патот е доста оштетен.
13.струмица-валандово-на ова делница главен проблем е самиот пат каде не е доволно широк а има и доста опасни кривини, на оваа релација ми се чини дека најмногу ги трошам дисковите и плочките од кочење.посебно опасен е делот кога слегувате према валандово патот е како создаден да се закачите во некој насип или ограда.
тоа се засега неколкуте  посериозни и  проблематични релации, има и други но да се надеваме барем со ова што го пишуваме ќе спасиме нечиј живот.