Неможам да кажам нешто бидејќи неможам да најдам слика од плажата и морето. Цената колку сака нека е ниска тоа не ми значи доколку не е задоволен основниот критериум, а тоа е лесно достапна(до 100 метри оддалеченост и да не се преминуваат главни сообраќајници) убава плажа и море. Од смештајот барам 2 соби, купатило, кујна, тераса, клима.
Буџетот ми е 1000 евра за 10 дена севкупни трошоци (пат, смештајм, храна и останато). Предност ќе добие она место кое подобро ќе ги задоволи критериумите. Цената е спореден критериум доколку се поклопува во оние 1000 евра. На пример ако треба да бирам помеѓу две места кои задоволуваат критериум каде едното ќе ме чини 700, а другото 1000, при што второто место е евидентно подобро од првото изборот ќе падне на второто.