Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Лани бев сместен во Свети Стефан, манастирчето над хотелот на МВР. Лани за прв пат го отворија, нови соби, секоја со свое купатило, чисто, поглед на цело езеро, 5 минути од плажа. Комплексот е на два спрата, со по 3 соби на секој спрат, заедничка кујна на секој спрат опремена со се што ти треба. Имаш линк најдолу да видиш за што станува збор. Ако планираш да се журкаш тогаш не е за таа намена. Местото е одлично за да се одмориш. Имаш голем паркинг одма испод него кој лани не беше асфалтиран, туку беше само тампониран. Јас плаќав 400 денари.http://tvm.mk/vesti/ohrid/13257-osveteni-konaci-manastir-sveti-stefan-ohridАко планираш таму јави ми ќе се потрудам да ти најдам бројче од Отецот.
За будва нешто да кажете, препорачате?Ќе бараме таму сместување.