Ламбда сондата генерира напон преку хемиска реакција. Го мери процентот на кислород во издувните гасови и со корекција на количината на вбризганото гориво го одржува специфицираниот процент. Напонот на сондата обично осцилира помеѓу 0,2 и 0,8 волти, а оптималниот напон при нормално согорување е 0,45V. Ако смешата е побогата, разликата во проценти на кислородот во воздухот и издувните гасови е поголема, сондата ќе генерира повисок напон, па компјутерот ќе ја смали количината на гориво во бризгалките и обратно, а за да се активира хемискиот процес на сензорот, сондата мора да постигне температура од околу 350 степени целзиусови, па затоа во некои сонди ако се монтирани подалеку се вградува и грејач (нели има сонди со една, две, три, четири жици).
Има сонди што работат и на повисок напон од 0-5V.Грејачи на ламбда сондите има и на оние што се веднаш до издувната грана и не зависи тоа дали е подалеку или не. Се ставаат за да сондата што побрзо се загрее и што побрзо биде оперативна. Втората сонда после катализаторот ја мери работата на катализаторот и нејзината вредност не варира така често, т.е ја покажува ефикасноста на катализаторот.