Автор Тема: Катализатор - проблем  (Прочитано 50666 пати)

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Катализатор - проблем
« на: 12 Мај 2011, 19:21:02 pm »
значи вака на нов автомобил ( 2 години 9000км ) опел астра класик 2 1.4 twinport светна сијаличката дека нешто не е во ред со издувните гасови па сигурно има некој проблем со катализаторот , што би ми препорачале дали да излезам на отворен пат и да ја издувам колата , и да колата до сега е возена само најмногу гратска и во мал град додека ја запалиш си стасал и многу пати не успеала да загрее и била изгасена па поради тоа можеби нешто прави проблеми катализаторот , и да доколку има некаков проблем размислувам и на варијанта да се тргне катализаторот само дали би ми препорачале некој добар мајстор што добро би го средил тоа и исто така би направил после вадењето на катализаторот да не свети сијаличката дека не е во ред нешто со катализаторот , и да пред да правам било што прво ќе се обратам кај овластениот сервис за совет и да нема никакви промени во перформансите , без проблем дига 6500rpm како што беше пред да светне сијаличката , не е во safe mod каде што е блокирана на одреден број rpm
« Последно менување: 12 Мај 2011, 19:31:12 pm Jordan »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #1 на: 12 Мај 2011, 19:27:42 pm »
Си ставил безвезен бензин, би рекол јас. Ништо не се замарај, нема да се повтори. Или однеси ја до сервис, да ти стават адитив, или ако ти е при крај резервоарот стави убав бензин. А едно кругче на обиколница  при 120, таман ќе ја освежи.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #2 на: 12 Мај 2011, 20:41:45 pm »
Астрите си имаат обичај за нешто слично, ама како што рече Дени не е страшно. Ако ти е полн резервоарот со гориво, стави Оctane Plus od Liqui Moly у комбинација со Speed Tec од истата фирма (ги има у АутоМакедонија), излези на автопат и вози ја 15-тина минути во висок број на вртежи (околу 5000). После тоа проблемот нема да ти се појави и не ставај више таму бензин btw каде пунеше гориво? Инаку Астрата има две ламбда сонди и вадењето на катализаторот е комплицирана работа и не е препорачлива од Х причини ... Пиши што си направил ... ;) А како сервис ти го препорачувам marsher (Член на форумов) и сервисот Auto Prestige !!!
« Последно менување: 12 Мај 2011, 20:43:58 pm djidji »

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #3 на: 26 Мај 2011, 12:36:22 pm »
бев до сервис ми рекоа дека нешто сензорот после катализаторот не е во ред можеби се расипал поради лошото гориво и кондензацијата во ауспухот поради тоа што колата се вози само градска и на кратки релации па неможе што се вели ни да загрее на работната температура и да го загрее ауспухот , ми рекоа ако не ми смета што ќе свети сијаличката немора ни да го менувам сензорот и да го сменам нема да има никакви промени , и чекам да ми ја кажат цената на сензорот , исто така таа сијаличка се пали кога се извади катализаторот , и да ако може да предоложите некој мајстор кој би го извадил катализаторт и да направи после неговото вадење да не свети сијаличката ( за ова сум чул дека се ставале некој отпорници и електрониката била излажана дека иако нема катализатор како да има )

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #4 на: 26 Мај 2011, 14:04:21 pm »
бев до сервис ми рекоа дека нешто сензорот после катализаторот не е во ред можеби се расипал поради лошото гориво и кондензацијата во ауспухот поради тоа што колата се вози само градска и на кратки релации па неможе што се вели ни да загрее на работната температура и да го загрее ауспухот , ми рекоа ако не ми смета што ќе свети сијаличката немора ни да го менувам сензорот и да го сменам нема да има никакви промени , и чекам да ми ја кажат цената на сензорот , исто така таа сијаличка се пали кога се извади катализаторот , и да ако може да предоложите некој мајстор кој би го извадил катализаторт и да направи после неговото вадење да не свети сијаличката ( за ова сум чул дека се ставале некој отпорници и електрониката била излажана дека иако нема катализатор како да има )
Пиши му на marsher !

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #5 на: 26 Мај 2011, 16:10:33 pm »
И јас имам ист проблем, ми се пали истата сијаличка...
Кај мене не свети нон стоп туку кога ке види напор на некоја нагорнина ке се запали па потоа се гасни...
На компјутер ми кажаја дека бил сензор за издувните гасови... И дека немало нешто гајле од тоа...
И јас бев во план да го вадам катализаторот ама ете проблемот ке си остани...
Пожелно би било marsher да изјасни решение...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #6 на: 26 Мај 2011, 17:15:16 pm »
И дека немало нешто гајле од тоа...
Како може да нема гајле кога ECU-то  се ориентира според информациите што ги добива од сондите. Мора нешто да трпи поради тоа. Нема шанса да нема никакво гајле!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #7 на: 26 Мај 2011, 17:27:44 pm »
И дека немало нешто гајле од тоа...
Како може да нема гајле кога ECU-то  се ориентира според информациите што ги добива од сондите. Мора нешто да трпи поради тоа. Нема шанса да нема никакво гајле!
Vtorata sonda (za katalizatorot) ako mu alarmira nema gajle.

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #8 на: 26 Мај 2011, 18:25:29 pm »
 колата си работи сосем нормално , таа сонда е само да покажува исправност на катализатор , и доколку се извади катализаторот таа ќе свети само сега кај мене не е во ред па и со катализатор си свети

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #9 на: 26 Мај 2011, 20:06:01 pm »
Викнете го marsher да кажи чаре :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #10 на: 26 Мај 2011, 23:16:23 pm »
Аха, има по две сонди значи а? Едната е за мерење на ЦО2 и останато. А другата е само за исправност а?

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #11 на: 26 Мај 2011, 23:21:22 pm »
И другата е за мерење....
Само пред и после катализаторот ако има различни цифри од пропишаните,тогаш алармира мислам !?
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #12 на: 26 Мај 2011, 23:26:10 pm »
Втората О2 сонда ја контролира работата на катализаторот.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #13 на: 26 Мај 2011, 23:33:19 pm »
Е па значи како што реков јас ако има разлика во грамажата на Со2 тогаш сигнализира  ??? :/
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Катализатор - проблем
« Одговори #14 на: 26 Мај 2011, 23:41:34 pm »
Не, таа го мери % на кислород после катализаторот и ако е еден временски интервал е помал од тој што е внесен во ECU, нормално со +/- толеранција - сијаличката се пали и јавува неисправност на катализаторот.
Првата сонда е за регулација на смешата воздух/ бензин (14.7:1).