Автор Тема: VW Golf MK1 restavracija  (Прочитано 4819 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
VW Golf MK1 restavracija
« на: 06 Февруари 2013, 20:41:32 pm »
Zdravo decki... pocnav da razmisluvam za eden "podebel" cekor pa mi trebaat iskustva, soveti zezalici... Vo plan sum da pocnam restavracija na eden Golf Kec... dali nekoj ima iskustvo so peskarenje, novi delovi, naracki od stranstvo (Mozebi nekoj moze da dae okativna cena za cel proekt) ...  Toa bi bilo...Fala :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #1 на: 06 Февруари 2013, 20:50:01 pm »
Овде имаш се шо ти треба.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1737.0.html

Ако нешто има што е пропуштено овде, слободно пиши му на Дарк.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #2 на: 06 Февруари 2013, 21:01:26 pm »
Odlicno :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2013, 21:47:48 pm »
За пескарење прашај го 2fast4you, он го пескареше неговиот.

Прочепкај ја темава:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21.0.html

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #4 на: 07 Февруари 2013, 10:08:47 am »
Пескарењето е зезната работа
имам неколку другари што ги имаат однесено на пескањере и после тоа ги фрлија колите
најпознат случај е Мојсо со тркачкото фичо и со 500чето
двете ги однесе на пескарење и цела шасија со дупки му ја направија
Ја не би го пескарел, стара кола е лимот е многу порозен, после пескањето ќе мора да ја штавкаш цела кола пошто како тарабука ќе ти биде
Стави некоја слика да видиме на што личи, можда немаш потреба од пескарење
а за цена ќе ти идат многу пари, сигурно ќе можеш да си купиш BMW320d :)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #5 на: 07 Февруари 2013, 14:23:26 pm »
Мојсо од шо возел брзо изглеа дупки му се напраиле :)  шала на страна, не дека е многу скапано возилото (освен крила и прагови) али сакам цела боја да му ја симнам да биде на само на плех. Слика ќе ставам коа ќе стигне у Скопје т.е. да стане снегот :/

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #6 на: 07 Февруари 2013, 14:25:17 pm »
ако ја симињаш бојата ќе си отвориш мн мн повеќе работа и ќе те кошта мн мн повеќе пари

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #7 на: 07 Февруари 2013, 15:50:02 pm »
Мојсо од шо возел брзо изглеа дупки му се напраиле :)  шала на страна, не дека е многу скапано возилото (освен крила и прагови) али сакам цела боја да му ја симнам да биде на само на плех. Слика ќе ставам коа ќе стигне у Скопје т.е. да стане снегот :/

И јас таков филм си правев за Бубата...ама кога навлегов малку повеќе во пескарењето сфатив дека има големи заебанции.

Прво имаш ризик да ти го искриват лимот и тој што е прав. Не знам колку искуство имаат нашите мајстори со таа работа.

Второ, тоа што кажа Пецони, кога ќе го раскопаш лимот до крај ќе излезат дупки таму кај што лимот бил тенок, така што ќе имаш дупло повеќе работа. Да, од корен ќе ја средиш цела кола, ама тоа се многу $$$ не знам дали (и кој има) таков стандард да средуваме коли на тој начин.

Трето Голф 1 и такво средување не знам колку ќе ти се исплати. Ај да имаш некој ептен баран олдтајмер ајде...можда ќе ти се исплати некако ако го продадеш во странство, ама во Голфот ...не ти се исплаќа...сум имал голф сум го средувал така и ти кажувам салам влегов во зијан :) Вистина го продадов скапо, ама и речиси дупло вложив во него.

Да, знам реално сакаш да го средиш како нов, ама живееме во такво општество, кога-тогаш ќе треба да се ослободиш од тоа возило, освен ако имаш услови да го чуваш (гаража и пари) ИЛИ ако си сентиментално врзан со возилото и да го чуваш за век и веков.


Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #8 на: 08 Февруари 2013, 02:59:58 am »
soberi od 4500 do kaj 5000e za da bide profi napraveno od koren, soberi do kaj 3000e za da lici na novo vozilo, imaj zelba trud, ubava garaza.
Imas potpolna podrska od mene sto ti treba kako ti treba za kupuvanje naracki , kolku mozam ke ti pomognam delovi ima moze da se najdat no ne i vo makedonijava.
Carpathian Lord-ako pocne da prai proekt i da glea vo toa dali ke se iplati za prodazba ili ne ic neka ne go pocnuva so tie pari neka si kupi nova kola proekt se gleda od drugi strani a ne kolku ke kjaris na prodazba ;)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #9 на: 08 Февруари 2013, 08:31:15 am »
Dark! izgleda se povekje "kecovi" kje ima vo makedonija.... onakvi so BBS :) pa poso vekje imas iskustvo so 2 igrachki kje moras da delis iskustva i navamu :) Top ti e koliceto ali moram da priznaam deka zutiot poise mi se svigja. dali deka ne sum keiflija na kabrio vozila ili deka zutata boja go prai da se izdvojuva neznam :) Pozdrav

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #10 на: 08 Февруари 2013, 09:11:13 am »
Мојсо од шо возел брзо изглеа дупки му се напраиле :)  шала на страна, не дека е многу скапано возилото (освен крила и прагови) али сакам цела боја да му ја симнам да биде на само на плех. Слика ќе ставам коа ќе стигне у Скопје т.е. да стане снегот :/

И јас таков филм си правев за Бубата...ама кога навлегов малку повеќе во пескарењето сфатив дека има големи заебанции.

Прво имаш ризик да ти го искриват лимот и тој што е прав. Не знам колку искуство имаат нашите мајстори со таа работа.

Второ, тоа што кажа Пецони, кога ќе го раскопаш лимот до крај ќе излезат дупки таму кај што лимот бил тенок, така што ќе имаш дупло повеќе работа. Да, од корен ќе ја средиш цела кола, ама тоа се многу $$$ не знам дали (и кој има) таков стандард да средуваме коли на тој начин.

Трето Голф 1 и такво средување не знам колку ќе ти се исплати. Ај да имаш некој ептен баран олдтајмер ајде...можда ќе ти се исплати некако ако го продадеш во странство, ама во Голфот ...не ти се исплаќа...сум имал голф сум го средувал така и ти кажувам салам влегов во зијан :) Вистина го продадов скапо, ама и речиси дупло вложив во него.

Да, знам реално сакаш да го средиш како нов, ама живееме во такво општество, кога-тогаш ќе треба да се ослободиш од тоа возило, освен ако имаш услови да го чуваш (гаража и пари) ИЛИ ако си сентиментално врзан со возилото и да го чуваш за век и веков.




uf... ne.. toa se prai i se cuva...ne se prodava! pred 13 godini go imav mozebi naj socuvaniot golf, prva farba, prvi gumi t.e. kolata bese  mnogu retko vozena... ali nemav keif togas, nitu pari i morav da go prodadam. sea prikaznata e druga. kje se pravi da se cuva najprvo za sebe a posle da ostane vo semejstvoto :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #11 на: 11 Февруари 2013, 02:23:09 am »
Имењак еден мал совет од мене за пескарењето.Кај нас нема салам мајстор за пескарење на возила (барем јас непознавам таков) сите пескарат со ситна песок или со ситни метални куглици тоа не е за лим со дебелина од 1mm до 3mm лим.Тоа е  наменето за метални плочи подебели од 5mm.за вадење на рѓата од нив.За пескарење на лим со дебелина од 1mm до 3mm, се препорачува пескарење со сода или со ситна лушпа од орев бидеќи не го оштетува лимот а ја вади бојата.Секој друг материјал што се  употребува за пескарење на  лим од 3mm може да предизвика нагмечување и микрофрактури на металот во најлош случај (отварање на дупки како во примерите погоре)што подоцна може да дојде до оштетување или кинење на лимот.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #12 на: 11 Февруари 2013, 09:18:56 am »
или со сув мраз, ама кај нас незнам дали има

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #13 на: 11 Февруари 2013, 10:09:38 am »
Колкава количина сув мраз ви треба? Достава ОДМА!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: VW Golf MK1 restavracija
« Одговори #14 на: 11 Февруари 2013, 10:20:53 am »
За пескарење на лим со дебелина од 1mm до 3mm, се препорачува пескарење со сода или со ситна лушпа од орев бидеќи не го оштетува лимот а ја вади бојата..



Точно :)

И го заборави најважното...со кој притисок се работи...

До пред неколку години сите работеа со песок. Финтата е во тоа што се покажа дека е штетен и во УСА и/или ЕУ го забранија и почнаа со лушпи од орев...сода...па и вода :)

Кај нас не постојат такви закони.

ПЛУС мноооогу зависи и на кој начин „мајсторот“ работи. Агол под кој го држи млазот ...растојание...

Од снимки вака што гледав Bubbles добро работеше ама еве како што разбрав не работи повеќе.